ЗАНИМЛИВОСТИ 

Напролет ќе се сее на Драчевик и Сламерник !!!?

Овие денови државните власти од метрополата Скопје, кои изгледа заборавиле на своето минато и потекло, дојдоа во Тркање и одлучно изјавија дека е добро што се случил пожарот и што им ги изгорел пасиштата. Тие со државни пари, демек од народот, ќе купеле семе за трева и ќе го посеале по пеплосаните ридови Драчевик, Сламерник и секаде каде е изгорено. Плус ќе се изградат поилишта, хранилишта .. И така тревата ќе никне, ридовите ќе раззеленат а по нив стадата ќе забелеат. Арно ама, убавите планови на ЈП за стопанисување со…

Прочитај повеќе
ГРАЃАНИТЕ НИ ЈАВУВААТ 

Свадба во училиште …, што е следно?

Дали е во прашање некаков комерцијален или политички дил, или нешто друго, важно свадбата во дворот на едно од најстарите кочански основни училишта ги зовре социјалните мрежи. Сеуште не се стишала една афера, а кочанци и пошироката јавност веќе имаат нов „специјалитет“ за коментирање и оговарање.   Имено денеска на социјалните мрежи се појавија фотки на кои се гледа  како во дворот на ОУ „Раде Кратовче“ се одвива убава свадбена веселба, со сите нишани. Дали некој некого прашал за отстапување на просторот, никој не се произнесува. А дали и каква одговорност…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Илијев сеуште не се произнесува за кандидатурата

Со денешната изјава за Радио Кочани, актуелниот градоначалник Николчо Илијев уште повеќе ја збуни кочанската јавност дали ќе се кандидира, дали ќе го кандидираат и кој ќе го поддржи за претстојните локални избори. Цитираме, „ јас немам поднесено никаква апликација, меѓутоа точно е дека имам понуда за подршка како од граѓанскиот сектор, така и од една политичка партија. Сето тоа е во делот на разговорите, преговорите, имено, како што реков, јас одлука немам донесено, а за другите не можам да коментирам“. По оваа изјава остануваат отворени најмалку две прашања. Ако…

Прочитај повеќе
КОВИД 19 

Брзи ПЦР тестови – на улица

ВО НЕПРИМЕРНО ИМПРОВИЗИРАНИ УСЛОВИ, ВО ПРАШИНА, МОБИЛНАТА ЛАБОРАТОРИЈА СМЕСТЕНА ВО КОМБЕ, ПАРКИРАНО КАЈ ГРАДСКИОТ СТАДИОН, ВЧЕРА ПОПЛАДНЕ ПРАВЕШЕ БРЗИ ПЦР ТЕСТОВИ. ОКОЛУ СТОТИНА ГРАЃАНИ ГЛАВНО ГАСТАРБАЈТЕРИ СТРПЛИВО ЧЕКАА ЗА ДА СЕ ЗДОБИЈАТ СО НЕОПХОДНИОТ ДОКУМЕНТ, ПЛАЌАЈЌИ ПРИТОА ПО 1200 ДЕНАРИ ЗА ТЕСТ. Вчера попладне во запустениот простор кај градскиот стадион и тениските терени, во прашина до колена, Мобилна лабораторија  по доцнење од два-три часа правеше и издаваше ПЦР брзи тестови на граѓани од Кочани. Можеби близу стотина граѓани, меѓу кои доминираа привремено вработените во странство, што можеше да се забележи…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

СДСМ прашува како се трошени парите во ГФК „Осогово“ ?

Почитувани, Во недостиг на транспарентни и отчетни информации во врска со случувањата и функционирањето на гордоста на Кочани – ГФК Осогово, должни сме јавно да прашаме: Дали спортот, спортските резултати и успеси со кои треба да продолжат да се гордеат и идните генерации се вистинскиот мотив во раководењето и функционирањето на фудбалскиот клуб? ГФК Осогово е клуб со традиција, историја и резултати, со плејада на спортисти кои дале свој придонес децении наназад. Секогаш, изборот на луѓе кои раководат со фудбалскиот клуб бил транспарентен, отчетен и најважно од сè – во…

Прочитај повеќе