СПОРТ 

Нешто заудара од ГФК „Осогово“ ?

Убаво деновиве прозва Комисијата за спорт на СДСМ за состојбите со ГФК „Осогово“, и уште поубаво одговори новото раководство на клубот, ама работите во „гордоста“ на кочанскиот спорт како од поодамна да се трули.  Толку трули, што заудараат … Три-четири години Комисијата молчеше за состојбите во Осогово, кое за цело време трошеше пари на граѓаните.Молчеше и на начинот на кој беше извршена промената на раководството, на Собрание за кое никој ниту слушнал, ниту видел. Ниту постои некаков траг, видео снимка, фотографиија. Во меѓувреме задкулисно се ширеа коментари дека клубот при…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Кој ја води играта, Илијев или СДСМ ?

И по изоставувањето од последниот пакет кандидати на СДСМ за градоначалници, чудно е што актуелниот градоначалник Николчо Илијев дозволува толку долго да се провлекува неговата кандидатура од страна на партијата, особено ако се знае дека е надпартиски. Прашањето е зошто, по примерот на некои сдсмовски и вмровски градоначалници, едноставно не најави дека доколу не го кандидира СДСМ, тој ќе ја побара довербата на граѓаните – како независен кандидат. На тој начин ем ќе ги избегне партиските аномалии, ем ќе знае дека навистина е посакуван од граѓаните. Освен тоа ќе ја…

Прочитај повеќе
КОМЕНТАР 

Кој се може да биде градоначалник ? Секој !!!?

ВО ВРЕМЕ КОГА КАНДИДАТОТ НА ВМРО ДПМНЕ Е ОБЈАВЕН, НЕЗАВИСНИОТ Е ИЗВЕСЕН, А НА СДСМ ВО ИСЧЕКУВАЊЕ, НА ПЕДЕСЕТИНА ДЕНА ПРЕД ИЗБОРИТЕ, ГРАЃАНИТЕ, РАСТРГНАТИ ПОМЕЃУ ТОА ШТО ИМ СЕ НУДИ И ШТО ПОСАКУВААТ, ДО 17 ОКТОМВРИ ТРЕБА ДА ИЗДЕФИНИРААТ  – КАКОВ ПРОФИЛ НА ГРАДОНАЧАЛНИК БИ БИЛ НАЈПРОДУКТИВЕН. ДОДЕКА НЕЗАВИСНАТА КАНДИДАТКА ВО СКОПЈЕ ВЕЛИ ДЕКА ЗА ДВЕ ГОДИНИ ЌЕ ГИ РЕАЛИЗИРА СИТЕ ВЕТЕНИ ПРОЕКТИ, ВО КОЧАНИ ПОЛА МАНДАТОТ СЕ ТРОШИ ЗА ДА СЕ „НАУЧИ ЗАНАЕТОТ“. ЗАТОА ДАЛЕКУ ПРЕД КОЧАНИ СЕ ГОЛЕМИОТ ШТИП, АМА И МАЛАТА ВИНИЦА. Промовирајќи се по медиумите, независната…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

„Осогово“ декласирано, „Слога“ рутинирано

Со одигрувањето на првото коло во новата фудбалска сезона, Второлигашите на истокот го отворија првенството, за кое стручњаците велат дека ќе биде едно од најнеизвесните во поново време. На пет стадиони се одиграа исто току дуели, при што поуспешни беа гостинските екипи кои извојуваа три победи, а домаќинитње две. Екипата на Осогово во Кочани претрпе убедлив и разочарувачки пораз од Каменица Саса, со резултат 1:4. Кочанци само во првите 20 минути беа рамноправен противник, бидејќи потоа гостите и со игра и со резултат ја направила очигледната разлика. Слога 1934 во…

Прочитај повеќе
МАКЕДОНИЈА 

Ненормални закони во (не)нормална држава

Телевизиите низ државата, веројатно и другите медиуми, денеска добија допис од АВМУ, на барање на Владата за емитување кампањи за вакцинација на населението и за борба против корупцијата. Емитувањето да биде бесплатно. Значи, медиумите да ја спасуваат државата и со вакцинацијата и со корупцијата. Тоа е истата таа влада и истата таа држава, кои пред три години го донесоа Законот за нефинансирање на медиумите и во него членот 102, со што ги доведоа во финансиски ќор сокак и пред згаснување. Истите тие што три години никако не можат да најдат…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Објавен распоредот за тестирањето на реонски попишувачи на 27 август

Комисијата за Пописниот реон 13 ги известува кандидатите кои се пријавиле на јавниот конкурс за ангажирање на реонски попишувачи и реонски инструктори за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија во периодот од 19 до 25 август 2021 г.,како и кандидатите кои претходно уредно се пријавиле на конкурсот, но не се јавиле на закажаните термини за тестирање, дека тестирањетоќе се спроведе во училници на СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани, на 27 август 2021 година. Пријавените кандидати за Пописниот реон 13  ќе се тестираат во четири групи, сите…

Прочитај повеќе