На 22 септември ќе се реализира велосипедската тура „По патеката на оризот“

В среда, на 22 септември – Меѓународниот ден без автомобили, Општина Кочани ја организира втората велосипедска тура „По патеката на оризот“ на релацијата: Кочани – Долни Подлог – Мојанци – Грдовци – Кочани. На 15-километарската велосипедска тура можат да учествуваат сите љубители на велосипедот, рекреативци, членови на спортски и велосипедски здруженија, а ќе се спроведе по протоколи за организирање јавни настани во услови на пандемија. Велосипедската тура „По патеката на оризот“ ќе започне во 16 ч. од Градскиот плоштад во Кочани. Со овој настан Општина Кочани се вклучува во одбележувањето…

Прочитај повеќе