ОПШТИНА КОЧАНИ 

Пазарчето празно – пазарџиите на тротоар

Се смени изгледот кај автобуската станица со кружниот тек, ама не се сменија навиките. Се преместија и бараките и се расчисти запуштеното зелено пазарче над патот. Навиките пак не се сменија. Производителите и трговците и денеска својот зеленчук и други производи не ги изложија на неколкуте тезги на пазарчето, туку се распослаа долж новиот тротоар. И сега што е на ред. Да ги смени некој граѓаните, бидејќи не прават како што некој им сервира, туку си тераат по свое. Добро е што маркетот Тера не работи во недела, инаку ќе…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Уапсени две лица, со украден хероин и пари

Ноќеска помеѓу 25 и 26. септември, околу 01.10 часот во близина на едно манастирче во Кочани, од страна на полициски службеници од ОВР Кочани биле лишени од слобода две лица, триесет и двегодишниот Ш.М. и малолетник, двајцата од Кочани. Двајцата се приведени во полицијата бидејќи кај нив биле пронајдени и одземени хероин и пари кои потекнуват од извршено кривично дело „кражба“. По насока на Јавен обвинител од ОЈО Кочани, по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по член 215 и 216 од Кривичниот законик.

Прочитај повеќе