ОПШТИНА КОЧАНИ 

Распишан јавниот повик за членови на Младинскиот совет на Општина Кочани.

По одржаната трета седница на Локалното собрание на млади на Општина Кочани на 26 ноември 2021 година, од страна на членовите на Собранието, беше изгласано повторно распишување на јавниот повик за пријавување членови на Младинскиот совет на Општина Кочани, заради недоволен број номинирани кандидати на претходно распишаниот јавен повик во месец јули годинава. Новораспишаниот јавен повик за членови на Младинскиот совет на Општина Кочани се распишува денес 29.11.2021 година и ќе трае петнаесет дена до 13.12.2021 година. Во ова претставничко тело можат да членуваат  младински организации, организации за млади, политички…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Титовистите ја слават Југославија

ГОДИНИТЕ МИНУВААТ, А ТИТОВИСТИТЕ НЕ ГИ ЗАБОРАВААТ ПРАЗНИЦИТЕ НА ПОРАНЕШНАТА СФРЈ, ПРОДОЛЖУВАЈЌИ ЈА ТРАДИЦИЈАТА НА НИВНО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ СО ПРЕПОЗНАТЛИВ ДЕКОР И ОБЕЛЕЖЈА. ЗА ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА СФРЈ, ДЕНЕСКА КОЧАНСКИТЕ ПОДДРЖУВАЧИ НА ЛИКОТ И ДЕЛОТО НА ЈОСИП БРОЗ ТИТО ПРОДЕФИЛИРАА ПО КОЧАНСКИТЕ УЛИЦИ ПОТСЕТУВАЈЌИ ГИ ГРАЃАНИТЕ НА ЕДНО УБАВО ВРЕМЕ И СЛОБОДАРСКИ  ЖИВОТ. Почитувачите на ликот и делото на Јосип Броз Тито, популарните титовисти и југоносталгичари, денеска со дефиле по кочанските главни улици го одбележаа Денот на Републиката на бившата СФРЈ, 29 Ноември. Со препознатливиот декор тие се собраа на традиционалното…

Прочитај повеќе
ЕКОНОМИЈА 

Торба или 15 денари за кесе

ОДЛУКАТА ЗА ЗАБРАНА НА УПОТРЕБА НА ПЛАСТИЧНИ КЕСИ КОЈА ВО СИЛА СТАПУВА НА 1. ДЕКЕМВРИ, ИМА ЗА ЦЕЛ ПРОМЕНА НА НАВИКИТЕ И ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА. ФОНДОТ ЗА ТАА НАМЕНА ЌЕ СЕ ПОЛНИ ОД ПРОДАЖБА НА БИОРАЗГРАДЛИВИ КЕСИ, КОИ ЌЕ ЧИНАТ 15 ДЕНАРИ. ИДЕЈАТА Е ТИЕ ШТО ЗАГАДУВААТ ТИЕ ДА ПЛАТАТ. Минатиот месец беше одлучено, а в среда ќе стапи во сила забраната за продажба и употреба на пластични кеси. Исклучок ќе бидат биоразградливите кеси, кои ќе чинат 15 денари, а средствата ќе се акумулираат во специјален фонд за животна…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Љупчо Папазов го фати кормилото

ОТКАКО ГИ ИСПОЧИТУВА КОВИД МЕРКИТЕ, ПО СОЗНАНИЕТО ОД 10 НОЕМВРИ, ДЕКА Е ПОЗИТИВЕН, ЉУПЧО ПАПАЗОВ ДЕНЕСКА И СЕ ВРАТИ НА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ФУНКЦИЈА СО ДИРЕКТНИ АКТИВНОСТИ ВО ОПШТИНАТА. ВО ПРВИТЕ ДВАЕСЕТИНА ДЕНА ПО ПРИМОПРЕДАВАЊЕТО, ПАПАЗОВ СО ЛОКАЛНИТЕ АДМИНИСТРАТИВЦИ И СЛУЖБИ ФУНКЦИОНИРАШЕ ОНЛАЈН И СО ПОСРЕДСТВО НА ТЕЛЕФОНСКИ КОНТАКТИ. Градоначалникот Љупчо Папазов, кој на локалните избори ја доби довербата на граѓаните, а на 8 ноември, официјално ја прими функцијата од неговиот претходник, Илијев, денеска конечно влезе во општинската зграда за непосредно да се зафати со секојдневните обврски и задачи. Паузата од директното…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Во судир меѓу БМВ и мотоцикл, двајца повредени

На 28.11.2021 во 00.10 часот од Итна медицинска помош Кочани е пријавено дека на пат во изградба во близина на место викано ,,Подлошка крстосница“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило ,,бмв“ со кочански регистарски ознаки, управувано од дваесет и едногодишниот Р.Ј. од Кочани и мотоцикл со штипски регистарски ознаки, управуван од 14- годишен малолетник од Кочани. Во незгодата со повреди се здобиле возачот на мотоциклот и неговиот 17 годишен сопатник од с.Горни Подлог, кои по укажаната лекарска помош во здравствена установа Кочани се префрлени во Клинички…

Прочитај повеќе
Uncategorized 

Како Општината „дели“ информации?

Узурпацијата на иформациите на релација Општина Кочани – Канал 8 Телевизија, денеска наликуваше на ршомонијада, која предизвика комична ситуација во јавноста, што се манифестираше со дезинформациии и деманти. Временскиот тајминг на пласирање на информацијата, или демантот, од Сообраќајната инспекција, преку меил комуникација е пласирана во 15.57 минути. Меѓутоа На ТВ Кочани и е испратена дури во 18.31 часот, кога практично завршија вестите на Канал 8, на кои беше емитувана. Значи, Канал 8 ја добил најмалку еден час, а можеби два или три часа, порано. Другите медиуми не добија демант, туку…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Известување или Демант …?

Известување од Општина Кочани за обновувањето на хоризонталната сигнализација во Кочани Почитувани, Обновувањето на хоризонталната сигнализација пред почетокот на овогодишната учебна година не е реализирано заради одолговлекување и некомуницирање од страна на избраниот изведувач „Валаски градба“ ДООЕЛ с. Злеово, Радовиш. Имено, Општина Кочани согласно законските регулативи и оперативните планови од Програма за улици и патишта благовремено објави тендерска набавка. По тендерската објава се јавија три економски оператори од кои се избра „Валаски градба“ ДООЕЛ с. Злеово, Радовиш. Заради одолговлекување и некомуницирање од страна на избраниот изведувач, од една страна и…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

„Жешки компири“ за новиот градоначалник

ПОКРАЈ НЕКОЛКУ ЗАПОЧНАТИ ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ ЧИЈА РЕАЛИЗАЦИЈА Е ИЗВЕСНА, ПРЕТХОДНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА АКТУЕЛНИОТ МУ ОСТАВИ И НЕКОЛКУ „ЖЕШКИ КОМПИРИ“, СО КОИ ЌЕ ТРЕБА ДА СЕ СПРАВУВА. ИЗГРАДБАТА НА ТИПСКИТЕ КУЌИ ЗА СЕМЕЈСТВАТА ОД СТАРАТА КАСАРНА, МИНИХИДРО ЦЕНТРАЛАТА НА МАЛА РЕКА, НЕРЕШЕНОТО ЗАГАДУВАЊЕ, СЕ САМО ДЕЛ ОД ПОВЕЌЕТО. Кои „жешки компири“ му паднаа в раце на градоначалникот Љупчо Папазов, со кои ќе треба да се справува во текот на мандатот, е прашање кое привлекува посебно внинание во јавноста. И не само во јавноста, бидејќи и новиот состав советници уште од првите…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Опозицијата не му ги дава ни стоте дена на Папазов

Политички некоректни и бесцелни се обвинувањата на ОО на СДСМ кон новоизбраниот градоначалник Љупчо Папазов, визави каматата кон Авто Атом, бидејќи човекот сеуште асално не седнал во кабинетот и без конкретна можност директно да започне да го реализира мандатот. Демократските принципи налагаат да му се остават да ги одработи барем стоте дена, па потоа доколку има материјал, да се критикува практицирањето на власта, што е работа на опозицијата. Но, не е поентата во овој случај да се зазема страна. Напротив. Целта е работите на се постават на вистинските места, заради…

Прочитај повеќе
ЕКОНОМИЈА 

Ќе се купува ли леб на четврт и на кришки ?

Како тргнале цените нагоре, наскоро може да се купува леб на четврт, на пола, или на кришки. Двете поскапувања за само два месеца од околу 30% директно и сериозно ќе го удрат најсиромашниот слој од населението, кое и до сега се мачеше како да преживее. Ако едно семејство троши три леба дневно, со новите цени од 32 денари за векна ќе му требаат 3000 денари месечно за да се прехрани. Тој износ е една третина од најниските пензии, или една петина од минималната плата, што е големо зафаќање. Пекарите поскапувањето…

Прочитај повеќе