ОПШТИНА КОЧАНИ 

Доделени уверенијата на новиот градоначалник и на новоизбраните советници во Кочани

По завршувањето на вториот круг од Локалните избори и објавувањето на официјалните резултати од ДИК , денеска во Мултикултурниот центар во Кочани , претседателката на ОИК Билјана Димовска Гичова ги врачи увренеијата на новоибраните советници во Советот на општина Кочани и на градоначалникот Љупчо Папазов. Советот на Општина Кочани брои 19 советници. Во новиот Совет по 8 советници имаат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со коалициите, и по 1 советник од коалицијата ЛДП-ДОМ, партијата Левица и независната листа на Венко Крстевски.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Љупчо Папазов ја презеде градоначалничката функција

Кочани и официјално од денеска доби нов градоначалник. Поранешниот градоначалник Николчо Илијев денеска му ја предаде градоначалничката функција на новоизбраниот градоначалник Љупчо Папазов и му посака многу успех и плодна работа во наредните четири години. На новиот градоначалник на општина Кочани, Љупчо Папазов му го честитам мандадот  и му посакувам добро здравје и успех во новиот мандат. Очекувам неговата програма и заложби за Кочани да ги спроведе на дело и со тоа да придонесе за подобрување на условите за сите граѓани во општината. На новиот градоначалник оставеме повеќе проекти кои…

Прочитај повеќе