ОПШТИНА КОЧАНИ 

Почна реконструкцијата на улицата „Роза Петрова“

Почнаа активностите за реконструкција на еден километар од коловозот и на тротоарот од улицата „Роза Петрова“. Во тек се интервенции на пешачката зона од десната страна, каде се врши ископ, тампонирање и промена на постојните рабници во должина од 800 метри.    Според Драги Илијевски, раководител на Одделението за уредување на градежно земјиште во Општина Кочани, работите ќе продолжат со гребење на асфалтот од вкрстувањето на улицата „Роза Петрова“ со „Ристо Симеонов“, до спојот со улицата „Страшо Ербапче“, во близина на Општа болница. Изведувач на работите е градежната компанија „Ве-груп“…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Со дневни дозволи активирани ловиштата Подлог и Бање

СО ИЗДАВАЊЕ ДНЕВНИ ДОЗВОЛИ НА ЧЛЕНОВИ НА ЛОВНИ ЗДРУЖЕНИЈА, ПОДРУЖНИЦАТА „ОСОГОВО“ НА МАКЕДОНСКИ ШУМИ, ОВОЗМОЖИ ЛОВ И НА ТЕРЕНИТЕ СО КОИ ДО НЕОДАМНА СТОПАНИСУВАШЕ КОНЦЕСИОНЕРОТ „ТЕКСТИЛ“ ОД СКОПЈЕ. ИЗМИНАТИОТ ВИКЕНД ЛОВЦИ ОД ОКОЛНИТЕ ОПШТИНИ ГИ ПРЕТРЕСОА ТЕРЕНИТЕ ВО АТРАКТИВНИТЕ ЛОВИШТА ВО ПОТРАГА ПО ДИВИ СВИЊИ И ДРУГ ДИВЕЧ. Изминатиот викенд кочанските две ловишта со кои стопанисуваше Концесионерот Текстил од Скопје, кој оваа сезона не организира лов, повторно беа полни со ловци од населените места во опкружувањето. Ловечката среќа си ја пробаа групи од Кочани, но и од општините Чешиново-Облешево, Зрновци,…

Прочитај повеќе
Uncategorized 

8 милиони денари од општинскиот буџет наменети за кампањата на Папазов?!

Дали со 8-те милиони исплатени за камати за превоз од 2012 до 2017 година се финансираше кампањата на Градоначалникот Љупчо Папазов! На втората седница на Советот на Општина Кочани, советниците фатени во магла и непознавање, изгласаа контроверзна одлука со која овозможија на превозникот Авто Атом да му се исплатат 8 милиони денари по основ камата за превоз на ученици за период од 2012 до 2017 година. Можеби сѐ ќе беше нормално и прифатливо за јавноста, доколку овој превоз не се одвиваше по цени 4 до 5 пати повисоки од редовните кога за…

Прочитај повеќе
ЗЕМЈОДЕЛИЕ 

Крај на жетвата, не и на проблемите

КАКО ТРГНАЛО, КОЈ КАКО ЌЕ ОЖНЕЕ ОБЈАВУВА КРАЈ НА ЖЕТВАТА, ПА ВО МЕДИУМИТЕ ПО НЕКОЛКУ ПАТИ СЕ ОКОНЧУВА ЖЕТВЕНАТА КАМПАЊА. МУ ТРЕБА ЛИ НА ОРИЗОПРОИЗВОДСТВОТО И НА РЕГИОНОТ ТЕЛО КОЕ ЌЕ КРЕИРА СТРАТЕГИЈА И ДОЛГОРОЧНИ ПОЛИТИКИ, ЗАРАДИ ПОКВАЛИТЕТНО ПРОИЗВОДСТВО И ПОДОБРИ ФИНАНСИСКИ ЕФЕКТИ. ТРАНЗИЦИЈАТА ЌЕ ГИ УНИШТИ И ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ И КУЛТУРИТЕ. Тоа што денеска некои национални медиуми објавија дека жетвата на оризот во Кочанската Котлина завршила, е само уште еден доказ дека практични ниту на регионално, ниту на државно ниво има стратегија за оризопроизводството. Всушност ниту има институција, ниту некакво…

Прочитај повеќе