ОПШТИНА КОЧАНИ 

Координативен состанок во Општина Кочани: Институциите се подготвени за одржување на локалните улици и патиштата во претстојната зимска сезона

По иницијатива на градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов вчера се одржа координативен состанок со претставници од институциите одговорни за зимско одржување на локалната патна инфраструктура. На работната средба градоначалникот Папазов ја истакна неопходноста од добра меѓуинституционална соработка заради успешно справување со временските услови што претстојат. Одговорните од Комуналното јавно претпријатие „Водовод“, како институција надлежна за спроведување на Програмата за зимско одржување на локалните патишта и улици, соопштија дека материјално, технички и кадровски се подготвени за претстојниот период. Во постапка е и изборот на економски оператор за одржување на локалните патишта…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Општина Кочани објави повик за обуки за економско јакнење на жените

Општина Кочани е една од десетте во државата, каде ќе се спроведуваат обуки за економско јакнење на жените. На веб-страницата на Општина Кочани е објавен конкурсот за обуки за развој на вештини и знаења за дигитален маркетинг, онлајн продажба и употреба на дигитални технологии, развој на бизнис-идеја и бизнис-план, претприемништво и менаџерски вештини, како и за основни вештини за вработување. Секоја од четирите тематски обуки има соодветни критериуми, но заедничко е дека жените треба да бидат жителки на Општина Кочани, да се невработени или да имаат почнато свој бизнис, да се над 18…

Прочитај повеќе