ЦРНА ХРОНИКА 

Ловџиите ќе се испотепаат

Веста дека шеесет и четиригодишен ловџија синоќа по грешка застрелал и убил човек додека бил на лов во с. Горна Матка е уште еден несреќен случај со трагичен епилог. „Убиецот“ Р.К. сам го пријавил делото во Полициската станица Сарај, објаснувајќи дека му се присторило оти е дива свиња, по што полицијата го уапсила. Застреланиот С. Ј. е 46 годишен жител од с. Матка, Скопско. Пред десетина дена дива свиња усмртила педесегодишен ловџија во Долнодисанско. Пред два месеца повторно трагичен случај во кој ловџија застрелал и усмртил друг ловџија. Очигледно хаосот…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Кочански шпекулации – Илијев дел од новата Влада !???

Додека СДСМ на централно ниво го тресат оставки од функции на долгогодишни истакнати членови, како Радмила Шекеринска и Венко Филипче, во кочански кругови се почесто се зборува дека екс-градоначалникот Николчо Илијев ќе биде дел од новата Влада на Димитар Ковачевски. Наводно за Илијев била резервирана министерската фотеља во Министерството за транспорт и врски, со кое сега раководи штипјанецот Благој Бочварски. Тоа што во шпекулациите во политичките кругови засега е нелогично, е фактот дека со Владата на заминување заминуваат и негови докажани пријатели, па доколку стане министер, ќе ја нема неопходната…

Прочитај повеќе
туризам 

„Пониква“ снежна и пожелна

Денеска градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, придружуван од директорот на КЈП „Водовод“, Иван Иванов беа во посета на Пониква, каде се сретнаа со концесионерот кој стопанисува со ски-лифтовите и механизацијата, за на лице место анализираат што е направено и што се прави за успешен старт на скијачката сезона. Снежната покривка на Осоговските Планини по автоматизам го зголеми интересот кај љубителите на зимските спортови и на рекреативците да го посетат спортско-рекреативниот центар Пониква. Согледувајќи ја ваквата ситуација, Општина Кочани се погрижи туристите да можат да ја посетат Пониква во што…

Прочитај повеќе
ЕКОНОМИЈА 

Инвестиции на Запад, а на Исток …?

АКО ДРЖАВАТА КРОИ АМБИЦИОЗНИ ПЛАНОВИ ЗА ЈАБЛАНИЦА, БУШАВА ПЛАНИНА И КАРАЏИЦА, ЛОЦИРАНИ ВО ЗАПАДНИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА, РЕДНО Е ДА ГИ ЗЕМЕ ВО ПРЕДВИД И ПОТЕНЦИЈАЛИТЕ НА ОСОГОВСКИТЕ ПЛАНИНИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ТУРИСТИЧКИ ЦЕНТАР НА ЦАРЕВ ВРВ. ОСОБЕНО ПОРАДИ ЗАЛОЖБИТЕ ЗА РАМНОМЕРЕН РАЗВОЈ ВО СИТЕ СЕГМЕНТИ. СПОРЕД ПРОЦЕНКИТЕ ЗА ЦАРЕВ ВРВ СЕ ПОТРЕБНИ СТОТИНА МИЛИОНИ ЕВРА, А ЗА ОВИЕ ТРИ ОКОЛУ 800 МИЛИОНИ ЕВРА. Најавите дека на Јабланица кај Струга и Вевчани, на Бушава планина кај Крушево и Македонски Брод, и на Караџица кај Сопипште и Студеничани се планирани да…

Прочитај повеќе
СЕРВИСНИ ИНФОРМАЦИИ 

Известување за земјено – градежни електромонтажни работи на улица „Стево Теодосиевски„

Во недела, 19.12.2021г. во период од 09 – 16 ч. на улица „Стево Теодосиевски“ заради дислокација на ЕЕ инсталации ќе се изведуваат земјено – градежни и електромонтажни работи од Електродистрибуција ДООЕЛ, КЕЦ Кочани. Се замолуваат сите учесници во сообраќајот за зголемено внимание и претпазливост, по можност користење на други сообраќајници.

Прочитај повеќе