КОМЕНТАР 

По што ќе се памети 2021 година?

Настан, и воедно изненадување, на годината во Општина Кочани, од новинарски аспект, сигурно се локалните избори и победата на Љупчо Папазов над Николчо Илијев, во трката за градоначалничката функција. Прво затоа што паднаа во вода прогнозите, анкетите и очекувањата дека Илијев ќе победи со 3000 гласа разлика. Инаку, 2021 година граѓаните на Кочани од инфраструктурен аспект, можат да ја паметат по кружните текови, кои оставија и ќе остават траен белег на сообраќајните решенија на градот. Ќе ја паметат и по недовршената најмодерна детска градинка, поради фалинки во изведбата, булеварското решение…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Опозицијата не гласаше за 10% поскапа ГТВ

И ТОА СЕ СЛУЧИ, НА МНОЗИНСТВОТО МУ ФАЛЕШЕ ЕДЕН ГЛАС, А ОПОЗИЦИЈАТА НЕ ГЛАСАШЕ ЗА КОНЦЕСИСКОТО ПОКАЧУВАЊЕ НА КУБИК ГЕОТЕРМАЛНА ВОДА ЗА 10%, ШТО Е ДИРЕКТЕН УДАР ВРЗ РАБОТЕЊЕТО НА КЈП ВОДОВОД КОЈ СТОПАНИСУВА СО СИСТЕМОТ. ИНВОЛВИРАЊЕТО ВО ОВАА ПРОБЛЕМАТИКА ВЕЛАТ ДЕКА ОД ПРЕМНОГУ ПОЛИТИКАНТСТВО СЕ ЗАГРОЗУВА ПРИРОДНОТО БОГАТСТВО НА КОЧАНИ, ШТО ВО УСЛОВИ НА ЕНЕРГЕТСКА И СЕВКУПНА КРИЗА Е НЕДОЗВОЛИВО. Точката „Давање согласност на Одлуката за промена –зголемување на цената на м3 геотермална вода“ не го доби потребниот број на гласови за да биде усвоена на денешната седница на…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Спортската сала го доби името Сашко Лазаров – Чапо

Едногласно Советот на Општина Кочани денеска го изгласа предлогот на советникот Венко Крстевски, Спортската сала да го носи името на неодамна починатиот Сашко Лазаров – Чапо. На овој предлог се надоврза и предлогот Советот на општината да започне со организација на традиционален меморијален турнир за млади категории, кој исто така ќе го носи неговото име. На тој начин градот му се оддолжува за неговиот придонес во афирмацијата и развојот на кочанската кошарка.

Прочитај повеќе