ЦРНА ХРОНИКА 

26 годишен виничанец пронајден мртов во Софија

Македонски државјанин од Виница викендов бил пронајден мртов во Софија, објави „Слободен печат“, повикувајќи се на бугарското Министерство за внатрешни работи. Како што објави медиумот, станува збор за 26- годишниот С. С. од Виница кој бил пронајден починат во близина на шопинг молот „Парадајс“ во центарот на Софија. Од Министерство за надворешни работи (МНР) соопштија дека преку македонското МВР веќе е стапено во контакт со семејството на починатиот во земјава и дека се во комуникација со надлежните органи во соседна Бугарија. „Известуваме дека Министерството за надворешни работи, веднаш штом доби информација за…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Советот на Општина Кочани ја одржа 22. редовна седница, на чиј дневен ред се најдоа шест точки.

Советот ја усвои одлуката за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Кочани за 2022 година, како и одлуките за воспоставување соработка, за формирање заедничка комисија за соработка меѓу Општина Кочани и општините од Источниот плански регион: Берово, Виница, Делчево, Зрновци, Карбинци, Штип, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип и Чешиново-Облешево. Исто така Советот ги усвои одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу општините Кочани и Штип и решенијата за именување членови на заедничките комисии за меѓуопштинска соработка. На 22. седница пред Советот беше претставен Нацрт-буџетот за 2023 година. Помошник-раководителот на Секторот за финансии во Општина Кочани, Гоце Манев,…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Вработена во болницата во Кочани нападнала три колешки

Вработена во Општа болница Кочани пријавила дека на едно од Одделенијата на болницата, вработената Ј.Т.(44) од Кочани физички ги нападнала нејзините колешки Б.А.(47), Т.С.(53) и М.К.(58), сите од Кочани. Се работи на расчистување на случајот, по што против Ј.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата во дневниот билтен.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

120 НОВИ САДНИЦИ НА ПОВЕЌЕ ЈАВНИ ПОВРШИНИ ВО КОЧАНИ

Општествено одговорната банка, Халк Банка донираше 120 садници од видот смрча и туја смарагд. Дел од садниците денеска беа засадени во кругот на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Кочани. Во денешната акција на засадување се вклучи Општина Кочани, вработените од Халк Банка и ООУ „Св. Кирил и Методиј“. Преостанатите садници ќе бидат засадени во склоп на останатите училишта, градинки и јавни површини во Кочани.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

УРЕДЕНО НОВО ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ ВО ЈОУДГ „ПАВЛИНА ВЕЛЈАНОВА“

Во ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ уредено е ново детско игралиште со нови детски рекизити. Станува збор за донација од ПАКОМАК ДОО. Со поставувањето на новите играчки коишто се во склоп на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ Клон 4, им се одговара на потребите на најмалите дечиња и претставува дополнување на целокупниот инвентар на детската градинка. Донацијата се состои од детски лулашки, клацкалка и инфо табла во вредност од 126.850 денари.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

РЕАЛИЗИРАНА ПОВТОРНА АКЦИЈА ЗА ЗАЛОВУВЊЕ КУЧИЊА СКИТНИЦИ НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ ВО ГРАДОТ

Поради зголемен број на кучиња скитници, денеска на повеќе локации во градот повторно се спроведе акција за нивно заловување од страна на стручни екипи од Ветеринарната клиника ИНО-ВЕТ од Куманово, врз основа на претходно склучен договор за услуги со КЈП „Водовод“ – Кочани. По заловувањето на кучињата ќе се врши вакцинација со сите вакцини кои се предвидени со Законот и Правилникот за благосостојба на кучиња скитници и тие ќе бидат кастрирани. Воедно, Општина Кочани апелира до граѓаните своите домашни миленици да ги шетаат со заштитна маска и согласно Законот за…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Реализирана акција за пошумување – засадени 3 илјади садници

Во организација на Општина Кочани, денеска беше спроведена акција за пошумување на месноста над село Бели. Станува збор за пошумување на површини кои претходно беа опожарени. Во денешната акција освен вработените во Општина Кочани, учество зедоа ТППЕ Кочани, екипи од Секторот на Градско зеленило КЈП „Водовод“, како и двете младински организации при средните училишта „Гошо Викентиев“ и „Љупчо Сантов“. На денешната акција засадени се 3 илјади садници од видот багрем.

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Почина адвокатот и екс пратеник Сашко Костов

Денеска во Кочани, ненадејно почина адвокатот и екс пратеник во Собранието на Република Македонија, Сашко Костов, на возраст од 50 години. Смртта го затече додека ја извршувал својата адвокатска работа, за време на судско рочиште во една од судниците на Основниот суд во Кочани. Според очевидци, додека течел вообичаен судски процес, наеднаш му се слошило на Костов, со симптоми на срцев удар, поради што итно бил пренесен во Општна Болница во Кочани, каде ја загубил последната битка. Сашко Костов инаку беше магистер по правни науки и моментно работеше како адвокат.…

Прочитај повеќе
Uncategorized 

ДПСС „Осогово„ стана член на Националниот сојуз за планинско спасување

Изминативе два дена, во Охрид се одржа првиот Национален конгрес за планинско спасување, на кој учествуваа претставници од 14 организации, редовни членови и кандидати за членство во Националниот Сојуз за Планинско Спасување. На средбата беа споделени најновите искуства од последниот конгрес на меѓународната комисија за алпско спасување ICAR, кој се одржа во октомври годинава, во Монтро, Швајцарија. Покрај најновите случувања во светот, беше направена и анализа на постојните ресурси со кои располагаат организациите од сојузот, како и анализа на основната опрема за укажување на помош и безбеден транспорт на повредени,…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Полицијата го упаси крадецот на амбулантното возило во Кочани

По преземени мерки и активности, вчера во 15.40 часот полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Д.Н.(18) од Кочани, поради основи на сомнение дека од кругот на болницата во Кочани одзел возило на Итната медицинска помош Кочани.Како што веќе информираа од МВР, по преземени мерки и активности, возилото било пронајдено во 08.30 часот на ул.„Кирил и Методиј“ во Кочани и било вратено на Итната медицинска помош. – По преземени оперативно – тактички мерки расчистени се и кривични дела „тешка кражба“ на компјутер и „одземање моторно возило“ „опел…

Прочитај повеќе