ЗЕМЈОДЕЛИЕ 

Љ. Николовски : Продолжува поддршката за производство на ориз

Денеска министерот за земјоделство, шумарството и водостопанство Љупчо Николовски заедно со заменик-министерот Трајан Димковски, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски, директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ, и претставници од МЗШВ, во Кочани одржаа средба со оризопроизводителите. На средбата се разговараше за состојбата со производството на ориз, откупот како и предлозите за поддршка на производството на ориз. Министерот Николовски посочи дека навремената и неселективна исплата на субвениците ќе продолжи, почитувајќи го календарот за исплата на субвенциите за мерките од програмите. „ Ќе…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

ГФК „Осогово“ – ФК „Каменица Саса“ 0:1

Осогово ја отвори фудбалската сезона на стадионот „Никола Мантов“ за 2022 година, со првиот подготвителен натпревар против мошне силен противник каков што е Каменица Саса. По пријатно време за зимски услови, двете екипи прикажаа борбена игра со многу трчање, што е резултат на желбата на секој поединец да се наметне. Иако резутатот беше во втор план, сепак преку неколку осмислени акции можеше да се види дека не изостанува желбата за офанзивна игра со цел да се затресе противничката мража. На овој натпревар тоа им успеа само на гостите, кои уште…

Прочитај повеќе
РЕГИОН 

По 14 години, деблокирана сметката на Општина Зрновци

Со превземање на функцијата Градоначалник на Општина Зрновци од 26.10.2021 година, побарав увид на евиденцијата по основ на блокади од страна на Министерството за финансии-Сектор трезор на Р. Македонија, по што ни беше доставен табеларен преглед на налози за извршување по основ на судски решенија доставени од НБРМ до Министерството за финансии со кои е блокирана Буџетската сметка на Општина Зрновци. Во месец Ноември и Декември со Вработената стручна служба и дел од доверителите, превземавме правни дејствија и постигнавме вон судски договори за конечна деблокада на Буџетската сметка на Општина…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Потпишан меморандум за соработка и заедничка организација на регионален бизнис саем

Денеска во општинската сала на Општина Кочани, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов потпиша Меморандум за соработка и заедничка организација на регионален бизнис саем и културен настан со Агенцијата за маркетинг и менаџмент Еуростеп Дооел Скопје. Регионалниот саем за произведувачи од северо-источниот дел на државата ќе биде организиран во Општина Кочани во времетраење од 2 дена, на 7 и 8 октомври оваа година.  Целта и мотивот за организацијата се унапредувањето и подобрувањето на бизнис околината и заедницата, а фокусот е поставен кон воспоставување и градење врски со публиката, презентирање на…

Прочитај повеќе
КОВИД 19 

Модуларната во Кочани пред активирање

Поради перманентниот пораст на бројот на новозаразени пациенти во градот, директорите на здравствените установи во Штип и во Кочани се во постојан контакт околу можноста за повторно отворање, односно активирање на Модуларната амбуланта во кругот на Општа болница. Од кочанската болница информираат дека бројот на пациенти со симптоми на ковид 19 е се поголем , иако за среќа повеќето се со полесна клиничка слика па немаат потреба од болничко лекување. Меѓутоа, притисокот во Штипските болници кој ги прифаќа пациентите од регионот, може да ја вклучи и овдешната. Инаку во текот…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

СПОРТИСТ НА КОЧАНИ – РИСТЕ СИМЕОНОВ

Асоцијацијата на новинари на Кочани денеска ги разгледа пристигнатите предлози и од нив изврши избор на најдобрите во спортот во 2021 година. Работејќи по системот бодување според бројот на пријавени кандидати, за спортист на годината со освоени 17 бода, е избран гимнастичарот Ристе Симеонив,  од КГС Кочани. Втора е Стефанија Павлова од Џудо клубот Гладијатор, со 13 поени, трет е кошаркарот Дино Лазаров со 11 поени, четврти фудбалерот Тоше Манов со 9 поени, петти Димитриј Спасов со 7 и шести Дамјан Крстов со 6 поени. Најдобра екипа за 2021 година,…

Прочитај повеќе
МАКЕДОНИЈА 

Исплата на пензиите од 26. јануари

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јануари 2022 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25.01.2022 година. Деловните банки ќе обезбедат пензионерите да може да располагаат со јануарските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26.01.2022 година, а готовинската исплата на пензии за клиентите кои не користат картички ќе се изврши во четири групи според следниот распоред составен според висината…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Снегот исчистен, ноќе голомразици

Мобилни екипи на КЈП Водовод од рано изутрина излегле на терен за расчистување на снегот од улиците, при што овозможиле целосна проодност на сообраќајниците на сите критични места. Покрај механизацијата во употребата на сол и песок биле вклучени и два трактора со рассејувачи. Покрај денешните активности, во КЈП Водовод се вршат организациски подготовки и за екстремно ниските температури кои се најавуваат за ноќта, како и за деновите на викендот, кои според метеоролозите треба да се симнат до -12 степени Целзиусови. На граѓаните и се препорачува да ги преземат сите превентивни…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Снегот исчистен, патиштата проодни

Со 40 тони сол и 10 кубика песок интервенираа дежурните служби на Подружницата на Македонија Пат на сообраќајниците кои се во нивна надлежност, а на територијата на Општина Кочани, истакнува раководителот Влатко Митев. Според него, сите патишта во општината и во регионот се проодни, а екипи дејствуваат каде ќе се јави потреба. Прооден е патот и кон Пониква, каде со механизација се чисти снегот и се употребува сол и ризла. Поради врнежите, има појава на мали одрони кои се расчистуваат и не прават проблеми во одвивањето на сообраќајот. Инаку, по…

Прочитај повеќе
РЕГИОН 

Сириски мигранти фатени кај Чешиново

Полициски службеници од Полициската станица Кочани на 19.јануари, во 23,30 часот, на магистралниот пат Делчево-Штип, во близина на бензиската пумпа кај селото Чешиново, откриле и привеле пет мигранти од Сирија. Мигрантите по спроведена службена постапка се предадени во Прифатно-транзитниот центар ,,Винојуг“ Гевгелија за понатамошна истрага Покрај овој случај, во едно од зрновските населени места, пред неколку месеци биле забележани неколкумина мигранти кои купувале намирници во продавница и заминувале во непознат правец. Се претпоставува дека се криеле во подножјето на Плачковица, чекајќи погоден момент да заминат кон западноевропскитез земји. Појавата на…

Прочитај повеќе