ЦРНА ХРОНИКА 

Изгоре стан во центарот на Кочани

Вечерва помеѓу 18 и 19 часот, во центарот на градот избувна пожар во кој изгоре стан на ул Кеј на Револуцијата. Со брза интервенција на противпожарната единица која гаснеше со три возила и повеќе пожарникари, огнот е изгаснат и е спречено ширење на огнената стихија и на другите станови од колективната зграда, лоцирана во непосредна близина на градскиот плоштад. Станува збор за стан на вториот кат од зградата над градската аптека, сопственост на кочанчанец, во кој живеат потстанари. Засега не се знаат причините за избувнување на пожарот, иако станарите коментираат…

Прочитај повеќе
ФОТО-ВИДЕО ВЕСТ 

Коњи го блокираат туризмот на Пониква

Пониква како во бајка. Снег, сонце и илјадници туристи и викендаши. Од убаво-поубаво. Уживање за сите сетила на човекот… На враќање пак планински убавини. Возиш, возиш и наеднаш ОП! Коњи на патот. Лижат сол на асфалтот. Гајле си немаат  што патот е за возила, а не за нив. Кој како ќе се снајде – нека помине… Или нека чека. А неколку километри подолу потпалената градска депонија чади ли чади … за „чао“! Развој на туризмот на наш начин

Прочитај повеќе