МАКЕДОНИЈА 

Исплата на пензиите од 26. јануари

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јануари 2022 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25.01.2022 година. Деловните банки ќе обезбедат пензионерите да може да располагаат со јануарските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26.01.2022 година, а готовинската исплата на пензии за клиентите кои не користат картички ќе се изврши во четири групи според следниот распоред составен според висината…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Снегот исчистен, ноќе голомразици

Мобилни екипи на КЈП Водовод од рано изутрина излегле на терен за расчистување на снегот од улиците, при што овозможиле целосна проодност на сообраќајниците на сите критични места. Покрај механизацијата во употребата на сол и песок биле вклучени и два трактора со рассејувачи. Покрај денешните активности, во КЈП Водовод се вршат организациски подготовки и за екстремно ниските температури кои се најавуваат за ноќта, како и за деновите на викендот, кои според метеоролозите треба да се симнат до -12 степени Целзиусови. На граѓаните и се препорачува да ги преземат сите превентивни…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Снегот исчистен, патиштата проодни

Со 40 тони сол и 10 кубика песок интервенираа дежурните служби на Подружницата на Македонија Пат на сообраќајниците кои се во нивна надлежност, а на територијата на Општина Кочани, истакнува раководителот Влатко Митев. Според него, сите патишта во општината и во регионот се проодни, а екипи дејствуваат каде ќе се јави потреба. Прооден е патот и кон Пониква, каде со механизација се чисти снегот и се употребува сол и ризла. Поради врнежите, има појава на мали одрони кои се расчистуваат и не прават проблеми во одвивањето на сообраќајот. Инаку, по…

Прочитај повеќе