ЗЕМЈОДЕЛИЕ 

Љ. Николовски : Продолжува поддршката за производство на ориз

Денеска министерот за земјоделство, шумарството и водостопанство Љупчо Николовски заедно со заменик-министерот Трајан Димковски, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски, директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ, и претставници од МЗШВ, во Кочани одржаа средба со оризопроизводителите. На средбата се разговараше за состојбата со производството на ориз, откупот како и предлозите за поддршка на производството на ориз. Министерот Николовски посочи дека навремената и неселективна исплата на субвениците ќе продолжи, почитувајќи го календарот за исплата на субвенциите за мерките од програмите. „ Ќе…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

ГФК „Осогово“ – ФК „Каменица Саса“ 0:1

Осогово ја отвори фудбалската сезона на стадионот „Никола Мантов“ за 2022 година, со првиот подготвителен натпревар против мошне силен противник каков што е Каменица Саса. По пријатно време за зимски услови, двете екипи прикажаа борбена игра со многу трчање, што е резултат на желбата на секој поединец да се наметне. Иако резутатот беше во втор план, сепак преку неколку осмислени акции можеше да се види дека не изостанува желбата за офанзивна игра со цел да се затресе противничката мража. На овој натпревар тоа им успеа само на гостите, кои уште…

Прочитај повеќе
РЕГИОН 

По 14 години, деблокирана сметката на Општина Зрновци

Со превземање на функцијата Градоначалник на Општина Зрновци од 26.10.2021 година, побарав увид на евиденцијата по основ на блокади од страна на Министерството за финансии-Сектор трезор на Р. Македонија, по што ни беше доставен табеларен преглед на налози за извршување по основ на судски решенија доставени од НБРМ до Министерството за финансии со кои е блокирана Буџетската сметка на Општина Зрновци. Во месец Ноември и Декември со Вработената стручна служба и дел од доверителите, превземавме правни дејствија и постигнавме вон судски договори за конечна деблокада на Буџетската сметка на Општина…

Прочитај повеќе