ОПШТИНА КОЧАНИ 

Доделени две стипендии, за најдобар спортист и најдобра спортистка во општина Кочани

Годинава според новиот Правилник за општинска спортска стипендија се доделија две спортски стипендии за најдобар спортист и најдобра спортистка.До комисијата биле пристигнати 3 пријави, од кои едната не е прифатена заради неисполнување на основниот услов – кандидатите кои конкурираат за стипендија треба да имаат од 17 до 20 години.Спортската стипендија за најдобар спортист ја понесе Ристе Симеонов, кој годинава беше избран и за најдобар спортист за 2021 година. Мартина Шахинова и оваа година како и претходната ја доби стипендијата за најдобра спортистка во отсуство на другата релевантна пријава. Спортската стипендија…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Средовечен виничанец бакнувал малолетничка

Полициски службеници од Полициската станица Виница вчера во попладневните часови го лишиле од слобода С.И. (53) од овој град. Како што информираат од МВР, претходно полицијата добила пријава дека на 25. февруари околу 14 часот во Виница, тој допирал и бакнувал малолетничка. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Прочитај повеќе
СПОРТ 

„Осогово“ во Штип го победи „Пехчево“

Во рамките на натпреварите од 17-тото коло од Втората Македонска фудбалска лига – Исток екипата на ГФК „Осогово“ им се врати на победите, освојувајќи три бода против „Пехчево“, во победата од 1:0. Бодовите на жолто-сините им ги донесе капитенот Тоше Манов кој од пенал, во второто полувреме постугна гол, кој се покажа и како конечен резултат. Радува податокор дека одбраната на Осогово на овој натпревар беше на висина на својата задача, не дозволувајќи им на домаќините да ја затресат мрежата на голманот Андов. Инаку, во наредното 18 коло „Осогово“ на…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Реакција на соопштението на ВМРО – ДПМНЕ

Претставници од ДПМНЕ,Престанете да ја лажете јавноста и да ја искривувате вистината пред граѓаните! Тие ви ја дале нивната доверба да раководите со Општината и НЕ СМЕЕТЕ во никој случај да ги манипулирате!Веќе неколку пати се обидувате да протнете и да си изгласате точки на дневен ред злоупотребувајќи го вашето мнозинство во Советот. Со класично шверцување одлуки на Совет, тешко дека им мислите добро на граѓаните. На тој начин само си ја покажувате својата надмоќ и се обидувате вашите планирани и договорени активности да поминат без никој да разбере.За жал, не…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

ОК на ВМРО – ДПМНЕ – Кочани: Дрскоста, самоволието и теснопартиските интереси во Советот на општина Кочани денес доминираа во целост

Почитувани граѓани, Дрскоста, самоволието и теснопартиските интереси денес во Советот на општина Кочани доминираа во целост, за разлика од вистинската функција на Советникот и принципите пропишани во едно нормално демократско општество. Опозицијата во Советот ги заборави интересите на сите граѓани без разлика на нивната партиска определба, директно на штета на функционалноста, потребите на граѓаните и прогресот во Општина Кочани. Со варварски и насилнички методи го урнаа дигнитетот на Советот како орган, притоа заборавајќи дека проблемите ги тангираат сите, па дури и нивните гласачи. Oд петни жили сакаа да заштитат одредени…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Обвинувања, барања за извинувања, закани со тужби …

Коментирајќи еден пропуст во Записникот од шестата седица на Советот на Општина Кочани, советникот Венко Крстевски побара јавно извинување на говорницата во советот, од неговиот колега Васко Алексов за навреда искажана на истата и притоа се закани дека ќе преземе правни мерки заради фактот дека е наврушен неговиот авторитет. Веднаш по него извинување побара и советничката Жаклина Свеќаровска Филипова, на непримерните префрлувања и коментари на опозициската советничка Ивана Максимова, која пак на говорницата рече дека очекувала нешто друго. И така во круг.. На темата култура на говор и дискусии на…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Градоначалникот на Кочани ,Љупчо Папазов даде отчет за сработеното во изминатите 100 дена

Градоначалникот Љупчо Папазов денеска во Мултикултурниот центар во Кочани даде отчет за сработеното во првите 100 дена од преземањето на функцијата градоначалник. Во деталниот осврт за изминатите 100 дена, Папазов ги истакна капиталните проекти кои се реализираат и се од интерес на граѓаните, во делот на инфраструктурата и комуналните работи, еколошки и младински активности и  остварени меѓународни соработки. Како еден од позначајните проекти тој ги истакна замената на главниот потисен цевковод, реконструкцијата на улицата „Роза Петрова“ со изградба на нови тротоари и паркиралиште, како и почетокот на изградба на канализациона…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Целната група е „ЗА“ новата локација

Јавната трибина за урбанистичиот уредување на дел од Градска четврт 5, што се одржа вечерва, во Мултикултурниот центар во Кочани, привлече големо внимание кај жителите од овој дел на градот, посебно на станарите во старата касарна. Разочарани од досегашното предолго одолговлекување на реализацијата на проектот кој треба да им го реши станбеното прашање и да им овозможи пристојни услови за живот, тие аплаудираа и одобруваа секоја конструктивна и поддржувачка дискусија. Истовремено и самите дадоа позитивно мислење во врска со предложената нова локација за изградба на објекти за домување. Изјава ……

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Отчет 100 дена Љупчо Папазов градоначалник

Се известуваат граѓаните на Општина Кочани дека в четврток, 24.02.2022 година во Мултикултурниот центар во Кочани, со почеток во 16:30 часот, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов ќе даде отчет пред граѓаните за работата во првите 100 дена од мандатот.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Јавен повик за граѓански организации …

… ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ВО РАМКИ НА РЕГИОНАЛНАТА ПРОГРАМА ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН 2 (ReLOaD 2) Проектот Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD 2) е финансиран од Европската унија и го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во шест земји/територии од Западен Балкан. Проектот ќе трае до декември 2024 година и има за цел јакнење на партиципативната демократија и процесите за интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија преку јакнење на граѓанското општество и младите за нивно активно учество…

Прочитај повеќе