СПОРТ 

Солидна партија за Дино Лазарев во поразот на кошаркарската репрезентација “Под 16” години

Машката кадетска селекција на Македонија загуби од Турција во осминафиналниот натпревар од Европското првенство во кошарка, кое деновиве се игра во Скопје. И покрај поразот со резултат 82:74, сепак за нас кочанчани радува фактот што Дино Лазарев – идната кошаркарска надеж на градот имаше солидна партија, и со 8 постигнати поени (две погодени тројки од три обиди) во нападот од една страна, како и со исполнување на поставените одбранбени задачи од друга страна, многу рационално ги искористи дваесетте минути кои ги помина на теренот. Во спортската сала “Кале” во Скопје…

Прочитај повеќе
КОМЕНТАР 

Ќе ловат ли ловците за џабе?

Министерството за земјоделие го пушта ловот на диви свињи од 1-ви септември каде што нема африканска чума и им порача на концесионерите да организираат лов, со ловочувар, ветеринар и инспектор. Ама не кажа под кои и какви услови ќе ловат ловците. Тешко е да се очекува дека ловците ќе плаќаат членарина, ќе трошат за бензин, миниција, и ќе губат денови, за да ја спасуваат државата од чумата. Не е некој адут претпоставката на надлежните дека ловците желни да убиваат (болни) животни, ќе истрчаат на терените и ќе завршат работа. Тоа…

Прочитај повеќе
МАКЕДОНИЈА 

Лов на свињи од 1-ви септември, ама без Кочани, Виница …

НАДЛЕЖНИТЕ ОДЛУЧИЈА ЛОВЦИТЕ ВО ЦЕЛА ДРЖАВА ДА ТРГНАТ ВО ЛОВ НА ДИВИ СВИЊИ, КАКО МЕРКА ПРОТИВ ШИРЕЊЕ НА АФРИКАНСКАТА ЧУМА. ВО ОПШТИНИТЕ КАДЕ Е ПРИСУТНА БОЛЕСТА, КОЧАНИ, ВИНИЦА, ДЕЛЧЕВО И МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА, НЕМА ДА СЕ ЛОВИ. ЛОВЦИТЕ СЕ ЧУДАТ КОЈА Е ЛОГИКАТА. Од 1-ви септември сите во лов на диви свињи, освен ловците од Кочани, Виница, Македонска Каменица и Делчево. Концесионерите освен ловци треба да обезбедат присуство на ловочувар, инспектор за ловство и доктор по ветеринарна медицина. Ловците велат, ај да го видиме и тој циркуз како ќе функционира на…

Прочитај повеќе
ОБРАЗОВАНИЕ 

Ученици од ОУ „Раде Кратовче“ учесници на 16. Меѓународна колонија на анимиран филм во Ниш, Србија

Ученици од ОУ „Раде Кратовче“ – Кочани во периодот од 18 до 22 Јули, беа учесници на 16. Меѓународна колонија на анимиран филм. Станува збор за работилница за цртан филм во скоп на Одделението за книги за деца, Народна библиотека „Стеван Сремац“ во Ниш, Р. Србија, кадешто учениците изработија анимиран филм на хумористичната народна песна „Медведова женидба“. На работилницата освен учесниците од Македонија, учествуваа ученици и од Србија и Република Српска – Босна, под менторство на професори за цртање од Србија, Бугарија и Словачка. Учениците од ОУ „Раде Кратовче“, учесници…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Логична нелогичност. Колку повеќе нашите штедат, толку повеќе за Албанските градоначалници

Добар пример е тоа што Муцунски не потрошил ниту денар за репрезентација од општинските пари. Добро беше и кога Илијев не потроши ни денар од парите на граѓаните на Општина Кочани, за репрезентација. Како и уште неколку други градоначалници Македонци во своите општини. Но, не е добро што ниту еден градоначалник Албанец, не се пофалил со штедливо работењсе. Напротив, Теута делела пари „и капом и шаком“, Мерко во Струга арчел на луксузи, Груби од друга позиција се забавува на државна сметка… И на крај, кој е паметниот. Дали тие 20…

Прочитај повеќе