ОПШТИНА КОЧАНИ 

Потпишан договор за реализација на проектот „Опремување на Мултикултурниот центар во Кочани„

Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов го потпиша договорот за проектот наменет за опремување на Мултикутурниот Центар во Кочани, којшто е одобрен од страна на Бирото за регионален развој преку јавниот повик за доделување на средства за финансирање на проекти за развој на урбаните подрачја, одржлив и урбан развој од Програмата за рамномерен регионален развој за 2022 година. Преку проектот Мултикултурниот Центар во Кочани ќе се опреми со систем за греење, ладење и вентилација, што ќе придонесе користење на објектот во текот на целата година, како и ставање во функција…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

„Денови на кочанскиот ориз“- од 4 до 8 октомври 2022

Манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ 2022, годинава ќе се одржи од 4 до 8 октомври. Во склоп на овогодинешната програма во перидот од 4 до 7 октомври ќе се одржат промоции на книги, средби со писатели во основните училишта во Кочани и литературни читања. Централниот дел од манифестацијата, традиционалното зажнејување и вршидба ќе се одржат в сабота, на 8 октомври на оризовите полиња во с. Горни Подлог, Кочани. Во таа пригода ќе биде доделена наградата на најуспешниот оризопроизводител, ќе биде презентирана и дегустирана традиционална храна од ориз, а ќе се…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Известување за асфалтирање на дел од локалниот пат Крушка- Ајдар

Се известуваат граѓаните дека од утре започнува асфалтирањето на дел од локалниот пат Крушка – Ајдар. Станува збор за новоизградениот дел на патот во должина од 700 метри, од кои во текот на утрешниот ден ќе бидат асфалтирани 200 метри. Асфалтирањето ќе се одвива во периодот од 12 до 17 часот.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Променети прозорците во „Крсте П. Мисирков, подрачно училиште во Прибачево

Деновиве се работи на промена на прозорците во Подрачното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во село Прибачево. Со заменувањето на прозорците се овозможуваат подобри услови за настава, како и придонесување кон енергетската ефикасност на објектот во текот на претстојната зима.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Ученици од Оризари се вклучија во одбележувањето на Европската недела на мобилност 

Во рамките на кампањата на Општина Кочани за зајакнување на сообраќајната култура, деновиве општинските служби за сообраќај во соработка со Одделението за внатрешни работи – Кочани и со претставници од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот  реализираа активности за едукација и информирање на учесниците во сообраќајот. На Меѓународниот ден без автомобили беа дистрибуирани летоци со пораки за важноста на одржливата мобилност и за предностите на превозните средства што не ја загадуваат животната средина. Во вакви активности се вклучија и ученици од ОУ „Крсте Мисирков“ од Оризари, кои директно контактираа со…

Прочитај повеќе
ЗЕМЈОДЕЛИЕ 

Оризот на стратешката листа

Протестите и преговорите со Владата, односно ресорното министерство, не ги исполнија очекувањата на земјоделците оризопроизводители, бидејќи се се сведе на добиена производна цена и на ветување дека оризот ќе добие статус на стратешка култура. Имено, стручњаци од Институтот за ориз од Кочани утврдиле дека реалните трошоци вкалкулирани во производството на килограм арпа изнесуваат 27 денари. Во нив се вклучени давачките за подготовка на земјоделската површина и за сеидба, за набавка на ѓубрива, заштитни препарати, воден надоместок, како и за жетва и транспорт на произведените количини. Трошковникот за производство е утврден…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Одбележан Меѓународниот ден без автомобили – над двесте велосипедисти возеа „По патеката на оризот“

Со велосипедската тура „По патеката на оризот“,Општина Кочани го одбележа Меѓународниот ден без автомобили. Повеќе од двесте велосипедисти возеа на  релацијата долга 15 километри, што го поврзува Кочани со населените места Грдовци, Мојанци и Горни Подлог. На велосипедската тура учествуваше и градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, кој ја истакна важноста на користењето на превозни средства што не ја загадуваат животната средина. Годинава, поддршка на настанот даде Ротари клубот Кочани-Виница, кој за велосипедистите обезбеди рефлектирачки елеци со натпис „Биди видлив“. Според Сашко Андонов, претседател на Ротари клубот, целта е да…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Промовиран проектот „Подвижност„ и услугата на нега Центарот за стари лица

Денеска во просториите на Нега Центар – Кочани се промовираше проектот „Подвижност“ и услугата на Нега Центарот за стари лица. Општина Кочани во партнерска соработка со општините Чешиново-Облешево и Зрновци е во фаза на реалзаиција на проект за воспоставување и испорака на социјални услуги за грижа и нега во домот на стари лица. Грантот е одобрен од страна на Министерството за труд и социјална политика со финансиска поддршка од Светска Банка. Во рамки на проектот е опремена општинска просторија за потребите на проектот, набавена е потребната техничка и теренска опрема,…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Денови на кочанскиот ориз 2022 – повик

Организацискиот одбор на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз – 2022“ ги повикува заинтересираните институции, здруженија, организации и поединци кои сакаат да се претстават на манифестацијата со штандови да искажат интерес во Општина Кочани. На штандовите можат да се изложуваат производи, домашни ракотворби, изработки од ориз, здрава или органски произведена храна, уметнички креации и сл. На штандови со промотивен материјал можат да бидат претставени и институционални проекти и активности. Претставувањето на здруженијата, компаниите и институциите е планирано за  8 октомври (сабота) во Паркот на Револуцијата, во периодот од 11 до 17…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Жена платила 12.000 за дрва, а останала без нив и без пари

На 19.09.2022 во 10:40 часот во Полициската станица Кочани, 71- годишна жена пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 12.000 денари. Според пријавеното, на 16.09.2022 околу 16:00 часот лицето дошло во  нејзиниот двор и ѝ понудило огревни дрва. Како што е пријавено, откако се договориле, таа му дала 12.000 денари, а лицето заминало и не се вратило со дрвата, по што сфатила дека била измамена. Се работи на расчистување на случајот.

Прочитај повеќе