РЕГИОН 

Доброволната планинска спасителска служба потпиша меморандум за соработка со опшините Виница и Зрновци

Денес Претседателот на Доброволната планинска спасителска служба-Осогово, Гоце Исајов и градоначалниците на општините Виница и Зрновци потпишаа Меморандум за соработка и взаемна подршка. Од ДПСС-осогово информираат дека оваа соработка е од големо значење за општините, а воедно апелирам до сите жители на општините Зрновци и Виница кои се заинтересирани и спремни да пристапат како членови на ДПСС-Осогово.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Во недела контролна акција на пазарот кај Автобуската станица

Комуналната инспекција на Општина Кочани со соработка со полициски службеници, в недела, на 23 октомври 2022 година ќе спроведе контролна акција на пазарот кај Автобуската станица. Надлежните служби ќе ја контролираат узурпацијата на јавната површина од страна на продавачите на земјоделски и на индустриски производи. Целта на акцијата е да се воспостави ред во користењето на јавните површини и  на безбедноста во движењето на сообраќајните површини. Според Законот за јавна чистота, на јавни површини е забранета продажба на земјоделски и на индустриски производи, освен на места определени за таа намена.

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Во дом кај кочанчанец пронајдени и одземени 1,5 килограми марихуана

На 20.10.2022 во 11.40 часот во Кочани, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Кочани го лишиле од слобода П.Д.(51) од Кочани. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 1,5 килограм марихуана, семки од растението канабис, како и стебла и гранки од растението канабис. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во консултација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

ПОКАНА ЗА ЈАВНА ДЕБАТА СО ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ОД OПШТИНА КОЧАНИ ЗА ПРИОРИТЕТИ НА ПРОЕКТИТЕ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ RELOAD2

Во рамките на проектот ReLOaD2 што го реализира Општина Кочани со Програмата за локална демократија – УНДП, на 25.10.2022 година (вторник), со почеток во 11,00 часот, во салата на Советот на Општина Кочани (венчална сала) ќе биде одржана Дебата со граѓанските организации од Oпштина Кочани за Приоритети на проектите, со цел успешна соработка и имплементирање проекти кои се од интерес на граѓаните и општината. На дебатата ќе бидат разгледани приоритетите од областа на: туризмот, социјалната инклузија, заштита на животната средина и младински иницијативи. Имено, прифаќањето на апликацијата и вклучувањето на Општина Кочани во реализација…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

ПОСТАВЕН ЧАСОВНИК ВО РЕКОНСТРУИРАНИОТ ГРАДСКИ ПАРК

Во склоп на доуредување на Градскиот Парк и опремување со реквизити, поставен е часовник кој дополнително ќе го краси просторот. Станува збор за донација од АД Инса – Белград и Инса Водаинженеринг од Велес како генерални застапници на Инса од Белград. Часовникот е четворостран, кадешто сите четири мерни површини се со лед ослетлување и истиот е поврзан на градското осветлување што овозможува видливост и во вечерните часови.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Мобилниот инфобус од Американското катче – Штип, во посета на Кочани

Вчера, мобилниот инфобус кој е партнерство меѓу Американското катче во Штип и библиотеката „Гоце Делчев“ во Штип, беше во посета на Кочани. Кочанските ученици имаа можност да се запознаат со оваа патувачка библиотека, којашто посетува различни градови и нуди активности за младите со кои тие подобро се запознаваат со американската култура, образование, англискиот јазик, напредните технологии како виртуелна реалност итн. На настанот во СОУ „Љупчо Сантов“ и ООУ „Кирил и Методиј“ присуствуваше делегација од Амбасадата на САД меѓу кои Ерик Мејер, вршител на должност Амбасадор на САД и Шери Кинисон…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

ПОТПИШАН КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР МЕЃУ СИНДИКАТОТ НА УПОЗ И ОПШТИНА КОЧАНИ

Денеска во просториите на Општина Кочани, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната организација при Локалната самоуправа на Општина Кочани, Суад Мехмед го потпишаа Колективниот договор на Општина Кочани. Со потпишувањето на овој колективен договор се уредуваат обврските, правата и другите прашања во врска со работниот однос на вработените при Општина Кочани, односно утврдување на критериумите за годишен одмор, платените и неплатените одсуства, надоместоците на плата и другите примања заради усогласување на пазарот на трудот, исплата на регрес за годишен…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Одржана Јавната расправа за Нацрт Буџетот на Општина Кочани за 2023 година

Синоќа, во Мултикултурниот центар во Кочани, со почеток во 19 часот се одржа Јавната расправа за нацрт-буџетот на Општина Кочани за 2023 година, со цел да овозможи што поголема вклученост на граѓаните во креирањето на Буџетот за идната година. Присутните граѓани даваа предлози од јавен интерес поврзани со надлежностите на Локалната самоуправа: урбанистичко планирање, уредување на просторот и уредување на градежното земјиште; заштита на животната средина и природата; локален економски развој; комунални дејности; култура; спорт и рекреација; социјална заштита и заштита на децата; образование; здравствена заштита; противпожарна заштита и други…

Прочитај повеќе
ЗЕМЈОДЕЛИЕ 

Конкурс за обука на жени за брендирање, пакување и продажба на земјоделски производи

До крајот на годината, Општина Кочани во соработка со Фондацијата ЦЕЕД Македонија, ќе ја реализира последната од серијата тематски обуки за економско јакнење на жените. На веб-страницата на Општина Кочани е објавен конкурсот за обука на жени за брендирање, пакување и продажба на земјоделски производи. Во дводневната онлајн обука ќе бидат опфатени 20 жени кои треба да бидат невработени или вработени во земјоделскиот сектор; да имаат идеја за започнување земјоделски бизнис, сопствен бизнис во земјоделскиот сектор или да се косопственички на таков бизнис. Според критериумите во конкурсот, предност ќе имаат бизниси не постари од пет години. Жените што…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Почина маж од Кочани откако паднал од мотор

Вчера околу 15.30 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на импровизирана патека во близина на ул.„Македонска“ во Кочани, К.Ѓ.(65) од Кочани, управувајќи мотоцикл, изгубил контрола над мотоциклот и паднал. – Од здобиените повреди, К.Ѓ. починал на местото, а смрт констатирала медицинска екипа. По овластување на Јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од ОВР Кочани, информира МВР.

Прочитај повеќе