ОПШТИНА КОЧАНИ 

ВИСОКА ШВАЈЦАРСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА КОЧАНИ И ПРИЧЕСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ЗА ОТПАДНИ ВОДИ ВО С. МОЈАНЦИ

Денеска, висока Швајцарска делегација беше во посета на Општина Кочани и Причестителната станица за отпадни води во с. Мојанци, меѓу кои г-ѓа Irène Kälin, претседателка на Националниот совет на Федералниот парламент на Швајцарската Конфедерација, г-дин Martin Candinas, прв заменик претседател на Националниот совет, г-дин Eric Nussbaumer, втор заменик претседател на Националниот совет, г-дин Claudio Fischer, раководител за меѓународни односи и повеќејазичност, Швајцарски парламентарни служби и г-ѓа Sophie Lachat Rohrer, советник за наука, Оддел за меѓународни односи, Швајцарски парламентарни служби. Во посета беше и амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија,…

Прочитај повеќе
Uncategorized 

ИНСТАЛИРАЊЕ НА МРЕЖА ЗА РАНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА МОНИТОРИНГ НА ЗРАЧЕЊЕ

Европската Унија претставувана од Европската Комисија распиша тендер за набавка и инсталирање на мрежа за рано предупредување за мониторинг на радијација (EWRMN), чија локација на проектот е Белгија. Со задоволство сакам да истакнам дека во рамките на овој проект, Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија заедно со Центар за јавно здравје Кочани ќе поставува ваква мониторинг станица за следење на нивото на радиоактивност во животната средина во нашиот град . Договорот се состои во набавка и инсталирање на опрема за поставување на национални мрежи за следење на радијацијата…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Јавен повик за прибирање предлози од граѓаните, урбаните, месните заедници, здруженијата на граѓани и институциите, со предлог-идеи и проекти да се вклучат во креирање на програмите на Општина Кочани за 2023 година

Општина Кочани објави јавен повик за прибирање предлози од граѓаните, урбаните, месните заедници, здруженијата на граѓани и институциите, со предлог-идеи и проекти да се вклучат во креирање на програмите на Општина Кочани за 2023 година. Според повикот, ќе бидат поддржани проекти од култура, образование, граѓански сектор, социјална заштита, спорт, млади, меѓународна соработка, комунални работи, локален економски развој, урбанистичко планирање, животна средина и други области од надлежност на општината. Распределбата на средствата од Буџетот за 2023 година наменети за финансирање на проекти и активности, Општина Кочани ќе го врши врз основа…

Прочитај повеќе
ЗЕМЈОДЕЛИЕ 

Празничен протест на оризопроизводителите

При официјално утврдена производствена цена од 27 денари за килограм арпа, наспроти откупна цена од само 22 до 25 денари, оризопроизводителите празникот 11-ти Октомври го претворија во ден на незадоволство од аграрната политика на државата, која и на почетокот на овогодишната жетвена кампања на реколтата ги остави на цедило. Поради финансиска исцрпеност голем дел од земјоделците одолговлекуваат со жетвата, бидејќи немаат средства да го платат комбајнирањето, кое чини 1.500 денари за декар, односно 15.000 денари за хектар. Дури и да ожнеат и го соберат родот, не знаат што ќе прават…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Јавна расправа за нацрт буџет на општина Кочани за 2023 година

Согласно одредбите од Законот за Локалната самоуправа и Законот за Буџет, Општина Кочани организира Јавна расправа по програмите и нацрт-буџетот за 2023 година. Граѓаните ќе можат да расправаат и да даваат предлози од јавен интерес поврзани со надлежностите на Локалната самоуправа: урбанистичко (урбано и рурално) планирање и уредување на просторот и уредување на градежното земјиште; заштита на животната средина и природата; локален економски развој; комунални дејности; култура; спорт и рекреација; социјална заштита и заштита на децата; образование; здравствена заштита; противпожарна заштита и други работи определени со Закон. Јавната расправа ќе…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Честит 11 Октомври- Денот на македонското востание

По повод Денот на македонското востание – 11 Октомври, делегации од Општина Кочани, Советот на Општината, Сојузот на борците од НОВ положија свежо цвеќе на Споменикот на слободата и бистите на борците Љупчо Сантов и Раде Кратовче во Градскиот парк. Свежо цвеќе положија и делегации од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица. -Празнувајќи го 11 Октомври, им оддаваме почит на сите учесници во вооруженото и антифашистичко востание. Овој ден ja бележи пожртвуваноста на македонскиот народ, како и сите храбри борци и херои кои го дадоа својот живот за слобода и за создавање…

Прочитај повеќе
ЕКОНОМИЈА 

Оглас со помала цена за панаѓурот

Во согласност со одобрението бр.03-1885/2 од 27.09.2022 год. (наш бр. 03-309/2 од 27.09.2022 год.) издадено од Општина Кочани за користење на простор за организирање на панаѓур во Кочани и одлука бр. 02-319/5 од 10.10.2022 год., донесена од Управниот одбор на КЈП Водовод Кочани, за утврдување почетна цена за јавно наддавање за организирање на традиционалниот Кочански панаѓур во 2022 год., Комисијата за спроведување на постапката за јавно наддавање, формирана со одлука бр.02-319/4 од 29.09.2022 год. од страна на Управниот одбор, објавува О Г Л А С за организирање на традиционалниот Кочански…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Групна пресметка со дрвени предмети во Кочани

Синоќа во Кочани се случила групна тепачка во која учествувале неколкумина жители на градот, а биле употребени и дрвени предмети, соопшти МВР. „На 07.10.2022 во 23.45 часот во ОВР Кочани е пријавено дека пред зграда на ул.„Ѓорче Петров” во Кочани бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од Д.Д., Д.Д., Д.Д. и А.Д. врз Б.Ѓ., со кого се познавале од претходно. Според пријавеното, малку подоцна напаѓачите со дрвени предмети влегле во стан во зградата, сопственост на Г.Т., каде во моментот биле Б.Ѓ. и неговата невенчана сопруга К.А.,…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Зажнејување со срп и вршидба на ориз – традиционалните обичаи дел од „Деновите на кочанскиот ориз„

Утринава во с. Горни Подлог, поворка со гости од земјава и странство, членови на фолклорни друштва од Балканот, со македонска народна песна се упатија кон плодните оризови полиња спремни за жетва. Со благослови и народна песна зажнејувањето први го започнаа Здружението на пензионери од Кочани. По жетвата беше прикажан обичајот на вршидба, а во продолжение следуваа настапи на домашни и странски фолклорни ансамбли и концерт на Ирена Спасовска. Традиционалното зажнејување и целодневната програма ја следеа и заменик министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Абдулшуќур Абедини и државниот советник за рурален…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Промоција на нова опрема и теренски возила-обезбедени во рамки на поддршката на Швајцарија преку Програмата за зачувување на природата

Денеска на Пониква, Осоговските Планини се промовираше новата опрема и теренски возила за управувачот со заштитените подрачја Осоговски Планини и Малешево – ЈП Национални шуми, кои се обезбедени во рамки на поддршката на Швајцарија преку Програмата за зачувување на природата (ПЗП).   Зајакнувањето на капацитетите на ЈП Национални шуми за одржливо управување со заштитените подрачја Осоговски Планинини и Малешево е еден од приоритетите во Плановите за управување со заштитените подрачја, каде покрај обезбедувањето на соодветна опрема, е вклучена и обука на лицата задолжени за реализација на предвидените активности. На настанот…

Прочитај повеќе