ОПШТИНА КОЧАНИ 

Јапонија донираше нов ехо апарат и CTG фетален мотитор во ЈЗУ Општа болница Кочани

Денеска, Амбасадорот на Јапонија, Н.Е. Савада Хиронори беше во официјална посета на Општина Кочани и ЈЗУ Општа болница Кочани. Целта на посетата беше комплетирање на GGP-проектот, донација на медицински апарат кој се користи на Гинеколошкото одделение во ЈЗУ Општа болница Кочани. Со овој проект Јапонија овозможи ЈЗУ Општа болница Кочани да добие нов Canon ехо апарат и CTG фетален монитор во вкупен износ од 47,863 евра. -Драго ми е дека овие апарати донесоа поквалитетни здравствени услови и безбедност за жените, идните мајки во Кочани, но и во целиот источен регион,…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Работен состанок за ревизија на Пречистителната станица во с. Мојанци

Денеска во салата за состаноци на Општина Кочани се одржа работен состанок за ревизија на работењето на веќе спроведениот проект за Пречистителната станица во село Мојанци, проект финансиран од страна на Швајцарската агенција – СЕКО. Состанокот беше одржан помеѓу градоначалникот на Општина Кочани и Françoise Salamé-Guex, СЕКО, Станислава Додева и Carmen Thönissen, Швајцарска амбасада, како и Daniel Scheidegger, Giolitta Shadlou, Laurent Crémieux, Швајцарска канцеларија за ревизија. Пречистителната станица во село Мојанци претставува капитален и значаен објект во кој се применува најсовремената технологија за пречистување и третман на отпадни води и…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОСТВАРЕНА ЗАШТЕДА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ВО ОПШТИНА КОЧАНИ

Општина Кочани заедно со буџетските корисници (училишта, градинки и библиотека) за месец октомври 2022 година во однос на месец октомври 2021 година има остварена вкупна заштеда од 41%. Имајќи предвид дека во Oпштина Кочани во периодот од 2015-2017 година беше направена замена на постоечките живини со нови ЛЕД светилки, веќе беше постигната континуирана заштеда од 60% во изминатиот период во однос на потрошувачката пред реконструкцијата и модернизацијата на јавното осветлување.Исто така, за дел од јавните објекти беа спроведени мерки за енергетска ефикасност што овозможи дополнителни заштеди. Заради специфичниот систем за…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

50-годишниот јубилеј на ЗП „Кочани“ – масовно удостоен од здруженија, институции и поединци

Здружението на пензионери на Општина Кочани синоќа одбележа 50 години од своето постоење и успешна работа. Во присуство на претседателката на СЗП на Македонија, Станка Трајкова, поранешни и актуелни градоначалници, на голем број претставници на здруженија од општини во државата и од Србија, како и на активни членови на Здружението, најпрво се обрати претседателот на ЗП „Кочани“, Ѓорѓи Серафимов, кој се заблагодари на одзивот на сите поканети што ја удостоиле прославата и што го увеличиле овој значаен настан за пензионерите од Општина Кочани. Претседателката на СЗПМ Станка Трајкова истакна дека…

Прочитај повеќе
ХУМАНИТАРНИ АКЦИИ 

Tеатарска претстава ЈЗУ „Европа“ по повод одбележување на Мувембар – месецот на машкото здравје

Општина Кочани во соработка со Ротари клубот Кочани-Виница организира настан за одбележување на Мувембар – месецот на машкото здравје. Настанот е закажан за в петок, 25 ноември, во Мултикултурниот центар во Кочани, со почеток од 19 часот. Ќе биде прикажана театарската претстава ЈЗУ „Европа“, работена по мотиви од текст на Мирољуб Недовиќ, во изведба на Театар Штип и во режија на Кристина Атанасова Арсова. Настанот ќе има донаторски карактер, а влезницата за претставата чини 250 денари и може да се набави во кафетериите Класик и Пролет. Во настанот ќе има…

Прочитај повеќе
ОБРАЗОВАНИЕ 

Патронен празник на ОУ „Крсте Петков Мисирков“

Основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари го одблежа својот патронен празник – 148 години од раѓањето на првиот кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, собирач и проучувач на македонското народно творештво, македонскиот филолог и етнограф, Крсте Петков Мисирков. По тој повод, свежо цвеќе на бистата на патронот во училишниот двор положија делегации од Општина Кочани и училиштето.

Прочитај повеќе
Uncategorized 

Националната годишна награда за жена претприемач на микро компании ја доби Даниела Јосевски од Кочани

Во организација на Здружението на бизнис жени, во партнерство со Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување и Сојузот на стопански комори на Македонија, денеска во Скопје започна Вториот годишен самит на Национална платформа за женско претприемништво. На Самитот на тема „Инспиративна иднина“, чија цел е зголемување на видливоста и профилот на Националната платформа и придобивките што таа ги обезбедува за засегнатите страни и за женското претприемништво, беа доделени и наградите за најуспешни претприемачки за 2022 година. Наградата за жена претприемач во категоријата микро компании ја доби Даниела Јосевски од Кочани,…

Прочитај повеќе
ОБРАЗОВАНИЕ 

Пуштена во употреба училишна медиатека во ОУ „Никола Карев„

ОУ Никола Карев денеска ја пушти во употреба училишната медиатека,капитална инвестиција за училиштето.Училницата е опремена е со 65 инчен телевизор, 3D наочари, камери 360степени,микрофони,лаптоп,прожектор и другра современа дигитална опрема. Оваа просторија ќе може да ја користат сите ученици и вработени во ОУ Никола Карев , а со тоа добиваат современи услови за унапредување на технологијата.

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Соопштение од Васе Алексов ,советник од ВМРО-ДПМНЕ Кочани

Почитувани сограѓани, Денес, на седница на совет на општина Кочани присуствував на театар на кој опозицијата, а посебно Аки Акиов кој би требало да се бори и да ги штити интересите на ромската заедница во Кочани, одбија да дадат подршка за реализација на проектот за изградба на куќички за Ромите од старата касарна. Иако знаат дека процедурата е закочена во Министерството за животна средина, односно истата е закочена од централната власт, наместо да се ангажираат, и да се одблокира процесот и конечно да се отпочне со изградба на истите, тие,…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

ОО на СДСМ Кочани „СО НОВАТА ЦЕНА НА ВОДАТА – НОВ ЦЕНОВЕН ШОК„

Почитувани, На денешната седница советничката група на ДПНЕ успеа да го изгласа покачувањето на цената на геотермалната вода. Последиците од оваа одлука се катастрофални и директно ќе удрат по џебот на граѓаните.  Цената на раноградинарските производи ќе се зголеми и дополнително ќе го оптерети семејниот буџет. Тоа значи дека граѓаните ќе плаќаат повисоки цени на домашни производи за чие одгледување дури имаме и домашен енергенс – геотермалната вода. Никој не е должен да плаќа за неспособноста на менаџерскиот тим на Водовод и делата на ДПНЕ кои се секогаш спротивно од…

Прочитај повеќе