ЦРНА ХРОНИКА 

Вработена во болницата во Кочани нападнала три колешки

Вработена во Општа болница Кочани пријавила дека на едно од Одделенијата на болницата, вработената Ј.Т.(44) од Кочани физички ги нападнала нејзините колешки Б.А.(47), Т.С.(53) и М.К.(58), сите од Кочани. Се работи на расчистување на случајот, по што против Ј.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата во дневниот билтен.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

120 НОВИ САДНИЦИ НА ПОВЕЌЕ ЈАВНИ ПОВРШИНИ ВО КОЧАНИ

Општествено одговорната банка, Халк Банка донираше 120 садници од видот смрча и туја смарагд. Дел од садниците денеска беа засадени во кругот на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Кочани. Во денешната акција на засадување се вклучи Општина Кочани, вработените од Халк Банка и ООУ „Св. Кирил и Методиј“. Преостанатите садници ќе бидат засадени во склоп на останатите училишта, градинки и јавни површини во Кочани.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

УРЕДЕНО НОВО ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ ВО ЈОУДГ „ПАВЛИНА ВЕЛЈАНОВА“

Во ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ уредено е ново детско игралиште со нови детски рекизити. Станува збор за донација од ПАКОМАК ДОО. Со поставувањето на новите играчки коишто се во склоп на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ Клон 4, им се одговара на потребите на најмалите дечиња и претставува дополнување на целокупниот инвентар на детската градинка. Донацијата се состои од детски лулашки, клацкалка и инфо табла во вредност од 126.850 денари.

Прочитај повеќе