ОПШТИНА КОЧАНИ 

И кружниот во Стришани пред реализација

Во завршна фаза е изградбата на новиот кружен тек и во функција на истиот поставување на потребната сообраќајна сигнализација на крстосницата помеѓу Булеварот „Стево Теодосиевски“ и улицата „Димитар Влахов“ на потегот кај Стришанска чешма. Во склоп на градежните активности за изградба на новиот кружен тек извршен е ископ и тампонирање, гребење на асфалтот, асфалтирање и поставување на улични рабници. Уредена е и пешачката површина со бекатон плочки. Во текот на денешниот ден се поставуваат сообраќајни знаци. Со изградбата на новиот кружен тек се решава сообраќајниот метеж нанајфреквентната крстосница во Стришани.…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

ИЗГРАДБАТА НА НОВИОТ КРУЖЕН ТЕК КАЈ СТРИШАНСКА ЧЕШМА Е ВО ЗАВРШНА ФАЗА

Во завршни фази е изградбата на новиот кружен тек на улицата „Димитар Влахов“ кај Стришанска чешма со поставување на потребната сообраќајна сигнализација. Во склоп на градежните активности за изградба на новиот кружен тек извршен е ископ и тампонирање, гребење на асфалтот, асфалтирање и поставување на улични рабници. Уредена е и пешачката површина со бекатон плочки. Во текот на денешниот ден се поставуваат сообраќајни знаци. Со изградбата на новиот кружен тек се решава сообраќајниот метеж на раскрсницата. Изведувач на работите е фирмата „Ленди Груп“.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Градоначалникот Папазов со апел : Да престане палењето на жетвените остатоци

Вчерашната огнена стихија во Кочанско, предизвикана од палењето на жетвените остатоци на земјоделските површини во полето, претставува уште една, по којзнае кој пат повторена опомена за опасностите што ги носи оваа штетна земјоделска пракса. Безбедноста на жителите и на материјалните добра посебно во населените места Горни и Долни Подлог, Грдовци и Мојанци беше доведена во ризик. Во опасност беа и екипите на Територијалната противпожарна единица  и  Доброволното противпожарно друштво од Кочани, кои вложија натчовечки напори во гасење на пожарите. Триесетина пожарникари и доброволци, со седум возила, повеќе од 12 часа…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Сообраќајна несреќа во центарот на Кочани

Рано утринава во Централното градско подрачје кај раскрсницата кај шопинг центарот се случила сообракајна несреќа помеѓу две возила од кои едното завршило на троторот при што оштетен е ѕидот на кејот на реката и урбана опрема. Според очевидци до несреќата дошло поради непочитување на првенство на минување на крстосницата , а за срека во моментот на несреќата немало пешаци. Неколку часа од несреќата со информации излегоа и од СВР Штип кои ја потврдија несреќата која била пријавена во 5 часот и 28 минути . Во незгодата учествувале две возила, товарно…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Приведен разбојник во Кочани

На 16.01.2023 полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Т.Р. од Кочани, поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „разбојништво“. Имено, во 00.40 часот во ОВР Кочани З.Ш.(60) од Кочани пријави дека на 15.01.2023 околу 22.10 часот пред продажен објект во Кочани, Т.Р. со употреба на сила ѝ одзел торба со мобилен телефон, пари и други предмети. Во координација со Основното јавно обвинителство Кочани, од страна на полициски службеници од ОВР Кочани осомничениот е веднаш пронајден, приведен и задржан во просториите на ОВР Кочани. По целосно…

Прочитај повеќе
туризам 

Сообраќаен хаос кон „Пониква“

Малата но задоволителна снежна покривка на Пониква и сончевиот ден намамија голем број граѓани од Кочани и од повеќе градови во државата, кои посакаа да престојуваат во планинскиот спортско-рекреативен центар, Меѓутоа исклучително големиот број возила создаде гужви на паркинзите и покрај патот, што доведе до формирање долги колони и предизвика нервоза кај возачите. Многумина беа принудени долго да чекаат да се расчисти сообраќајниот хаос, бидејќи останаа блокирани без да можат да продолжат напред или да се вратат назад. Во регулирањето на сообраќајниот метеж е вклучена и сообраќајната полиција, која дејствува…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Првото новороденче во Кочани – женско

Синоќа, на Акушерското одделение во Општа болница – Кочани се роди првото бебе во 2023 година. Дваесет и осумгодишната Ангела Крстова од Кочани роди здраво женско дете, второ во семејството Крстови. Медицинскиот тим соопшти дека бебето е тешко 3,2 килограми, долго 51 сантиметар,  и во моментов и тоа и мајката се чувствуваат добро. Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов ги посети мајката и новороденчето. Врачувајќи им ги традиционалните подароци им посака добро здравје и многу среќа, а упати благодарност и до персоналот што го изврши породувањето. Според податоците од Општа болница,…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Повик за избор на спортист за 2022 година

Општина Кочани во соработка со Асоцијацијата на новинари – Кочани и годинава ја организира манифестацијата Избор на спортист за 2022 година. На манифестацијата ќе се изберат: Право на учество во изборот имаат сите спортисти, екипи и спортски работници од клубови со дејност спорт, регистрирани  во општина  Кочани, а секој кандидат требa да поднесе копија од клупската легитимација. При пријавувањето e потребно да се достават податоци за постигнатите резултати и копии од добиените признанија за освоени места (од турнир, државни и меѓународни натпревари). Пријавите треба да содржат и податоци од лице за контакт…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Снег за спас на сезоната на Пониква

ИАКО СО СЛАБ ИНТЕНЗИТЕТ СНЕГОТ НА ПОНИКВА МОЖЕ ДА ЈА СПАСИ ТУРИСТИЧКАТА СЕЗОНА, А ДОЖДОТ ВО КОТЛИНИТЕ ДА ЈА ПОДОБРИ ЗИМСКАТА ВЕГЕТАЦИЈА НА ЕСЕНСКИТЕ ПОСЕВИ, НО И ДА ГИ ПОДНАПОЛНИ АКУМУЛАЦИИТЕ. ОД МАКЕДОНИЈА ПАТ ПОДГОТВЕНИ ДА ИНТЕРВЕНИРААТ ДОКОЛКУ ДОЈДЕ ДО НАВЕВИ, ПОЛЕДИЦИ И ДРУГИ ПРОБЛЕМИ НА ПАТИШТАТА Десетиот ден од јануари донесе врнежи од снег на Пониква, кои продолжија во текот на целиот ден, при што се формира снежна покривка од неколку сантиметри. Снегот, како и дождот во Кочанската Котлина, е со слаб интензитет, но доколку продолжи и во текот…

Прочитај повеќе
ОБРАЗОВАНИЕ 

Второто полугодие ќе започне на 23 јануари

Владата на Република Северна Македонија денеска на 118-та редовна седница го разгледа и го усвои предлогот на Министерството за образование и наука, второто полугодие од учебната 2022/23 година наместо на18 јануари да започне на 23 јануари (понеделник) со физичко присуство за сите ученици.  Во образложението од Министерството за образование и наука е наведено дека зимскиот распуст се продолжува поради заштеда на греење и заштита на здравјето на учениците.

Прочитај повеќе