КУЛТУРА 

60 годишниот ДАФ „казнет“ од Министерството за култура

Министерството за култура за јубилејното 60-то издание на единствената и најстара манифестација во драмскиот аматеризам во државата одлучи да го „награди“ ДАФ со неверојатни 270.000 денари. Со овие средства и со средства од општината, организаторите кон крајот на мај, кога вообичаено се одржува фестивалот, треба да пречекаат и угостат 12 до 14 групи од државата и од странство, плус други уметници од сферата на музиката, ликовната уметност и друго. На тие трошоци треба да се додадат и оние за сала, монтажна бина, озвучување, награди и дипломи, освежување … Не така…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Кривична пријава против правен субјект и одговорно лице од Кочани за „пустошење шума“

На 10.02.2023 Одделението за внатрешни работи Кочани поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Кочани против правно лице од Кочани и В.Т.(53) од Кочани, како одговорно лице во правното лице, за сторено кривично дело „пустошење шума“ по член 226 став 5 в.в. став 1 и 2 од Кривичниот законик. Пријавените, спротивно на закон, без да имаат склучен писмен договор со ЈП „Национални шуми“ Скопје – ПШС „Осогово“ Кочани за извршување на работи на шумска култура за активностите сеча и дотур во ШСЕ „Злетовска река – Пониква“, во шума во државна…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

АМБАСАДОРОТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА Н.Е. ДЕЈВИД ГИР ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА КОЧАНИ

Денеска, Амбасадорот на Европската Унија, Н.Е. Дејвид Гир е во официјална посета на Општина Кочани.   Најпрвин беше остварена средба со градоначалникот Љупчо Папазов во салата за состаноци во Општина Кочани. На средбата градоначалникот ги презентираше состојбите и можностите, природните ресурси со кои располага Општина Кочани, како и правецот во кој ќе се движи општината за нејзин развој. Делегацијата во текот на денот оствари средба и со членовите на Советот на Општина Кочани, со невладени организации и граѓани, а ќе посети и проекти финансирани од страна на ЕУ.

Прочитај повеќе
туризам 

Во петок ноќно скијање на Пониква

Во петок 10 февруари на Пониква се организира уште едно ноќно скијање во кое љубителите на зимските спортови ке имаат можност да уживаат во убавините на скијањето. Ски-патеката 1 на СРЦ „Пониква“ е целосно израмнета и подготвена, а ќе се скија во периодот од 17:00 ч. до 20:00 ч.

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Ограбен дуќан за брзи кредити

Ноќеска непознати сторители извршиле провална кражба во објект во кој е сместена канцеларијата на фирма за брзо кредити „Креди ЈЕС“ во центарот на Кочани. Овиената влезна врата ја забележале вработените кои утрово дошле на работа и веднаш пријавиле во Полициската станица во Кочани. Полициски службеници извршиле увид на објектот со цел да пронајдат траги и докази од провалниците. Засега нема информација дали во објектот имало пари и евентуално колку се пронајдени и однесени. Како и за тоа дали се украдени други вредни предмети. Истрагата е во тек.

Прочитај повеќе
ОБРАЗОВАНИЕ 

Реновирана наставничката канцеларија во ОУ „Никола Карев“

Денеска беше отворена новата комплетно реновирана наставничка канцеларија во ОУ „Никола Карев“ Кочани, каде што наставниците ќе можат да ги извршуваат своите професионални обврски. Покрај реновираната наставничка канцеларија, во изминатите шест месеци од мандатот на в.д. директорот Александар Андов, остварени се и многу други проекти и зафати, меѓу кои отворена нова канцеларија за училишниот дефектолог, нова канцеларија за училишниот социолог и комплетно реновирање на просторијата на техничкиот персонал. Училишната библиотека е реновирана и проширена со училишна медијатека, обезбедени се нови модерни клупи за сите катови од училиштето, поставено е надворешно…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Доброволните спасители на Кочани и Ќустендил потпишаа Меморандум

Кочанската доброволна планинска спасителна служба “Осогово” и Планинската спасителна служба на Ќустендил, Република Бугарија на снежната „Пониква“ го потпишаа Меморандумот, кој е значаен документ кој ќе ги зацврсто и трасира формите на обострано корисна соработка. Двете служби првенствено ќе работат на размена на искуства и знаења, но и ќе се фокусираат на развојни меѓугранични проекти, преку кои ќе настојуваат да обезбедат финансиска и друга поддршка од европските фондови. Меморандумот за соработка го потпишаа претседателите на доброволните планински спасителски служби од Кочани и Ќустендил – Гоце Исајов и Антони Бошков. Во…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Собранието на ОФС одработи беспрекорно

Со присуство на 19 од вкупно 20 делегати, во салата на „Мултикултурниот Центар“ во Кочани Општинскиот Фудбалски Сојуз на Кочани го одржа редовното годишно Собрание на кое по усвојувањето на Дневниот ред на присутните им се обрати потпретседателот и член  на УО на ФФМ Лазар Ракиџиев, кој притоа му посака плодна работа на Собранието. Потоа беа избрани работно претседателство, записничар, оверувачи на записникот и верификациона комисија. Делегатите едногласно го подржаа и усвоија записникот од редовното изборно Собрание од 15 декември 2021 година, а беше усвоена и годишната сметка и извештајот…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

„Осогово“ започна со реми против прволигаш

Лошиот терен и четирите гола го одбележаа првиот контролен натпревар на Осогово, кое покажа повеќе отколку што се очекуваше, со оглед на фактот дека по долгата зимска пауза, фудбалерите во нозете имаа само неколку тренинзи. Сепак супер мотивиран против реномираниот противник  комбинираниот состав на „Работнички“ од Скопје, осогово одигра задоволитени 2:2. Први во водство дојдоа гостите а домаќините пред крајот на полувремето, преку Стефан Стефановски израмнија на 1:1. Условно, вториот состав на „Осогово“ кој Ефтим Аксентиев на почетокот на второто полувреме го внесе во игра, успеа да и донесе предност…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Одбележана 151 – годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

По повод одбележувањето на 151-годишнината од раѓањето на македонскиот национален херој, организатор и водач на македонското револуционерно движење – Гоце Делчев, денеска делегации составени од градоначалникот Љупчо Папазов, член на Советот на Општина Кочани, раководниот тим од Подрачното училиште „Свети Кирил и Методиј“ во Горни Подлог и делегација од ВМРО-ДПМНЕ, положија свежо цвеќе на бистата на Гоце Делчев во училишниот двор во селото Горни Подлог. Бистата на Гоце Делчев во дворот на училиштето е поставена на 4 мај 1984 година. Ова училиште до 2005 година функционираше како централно основно училиште…

Прочитај повеќе