ЗЕМЈОДЕЛИЕ 

Оризот се враќа во стоковите резерви?

Откако Владата на денешната седница го стави оризот на дневен ред во делот на стекнување статус на стратешка култура, се отворија вратите за влез на оризовата арпа во стоковите резерви. Имено, утврден е текстот на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за стокови резерви, со примарна цел да се опфати оризот како производ од исклучително значење и да се создадат услови за негово чување како стоковни резерви, во вид на оризова арпа. Дали и кога ќе се спроведе процедурата и во кој рок ќе започне практичната примена…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

ПОСТАВЕНИ НОВИ СЛИВНИ РЕШЕТКИ НА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ ВО ГРАДОТ

Во изминатиот период интензивно се работеше на поставување нови сливни решетки на атмосферската канализација на повеќе локации во градот. На улицата „Страшо Ербапче“ поставени се две нови сливни решетки, една на местото каде се вкрстува улицата „Страшо Ербапче“ со улицата „Роза Петрова“, а една на местото каде се вкрстува со улицата „Мородвиска Епископија“. Нова сливна решетка е поставена и на улицата „Никола Карев“ кај Воен отсек и на улицата „Коле Неделков“ спроти Стришанска чешма. На улицата „Кеј на Револуцијата“ се поставени две нови сливни решетки, едната се наоѓа спроти Уни…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

ПОРАДИ ЗГОЛЕМЕНАТА ПОСЕТЕНОСТ НА ПОНИКВА, ДПД КОЧАНИ АСИСТИРАА ПРИ СПРАВУВАЊЕ СО СООБРАЌАЈНИОТ МЕТЕЖ

Снежната покривка на Осоговските Планини по автоматизам го зголеми интересот кај љубителите на зимските спортови и на рекреативците да го посетат спортско-рекреативниот центар Пониква. Поради зголемената посетеност и поголемиот сообраќаен метеж во текот на изминатите викенди, членовите на Доброволното противпожарно друштво – Кочани активно асистираа на терен за непречено одвивање на сообраќајот, како и обезбедување олеснет пристап до паркинг места. Благодарност од Општина Кочани до членовите на ДПД – Кочани за нивниот придонес, за одличната соработка и координација со Општината, како и до сите останати институции кои беа вклучени за…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Избрани најуспешните во спортот за 2022

Општина Кочани во соработка со Асоцијацијата на новинари од Општина Кочани и оваа година ја организираше манифестацијата Избор на спортист на годината. На синоќашната свечената манифестација беа доделени признанијата на најуспешните во спортот во Општина Кочани во минатата 2022 година. Признанието за Најдобар спортист на Кочани за 2022 го понесе фудбалерот на ГФК „Осогово“, Тоше Манов кому градоначалникот Љупчо Папазов лично му ја врачи плакетата. Признанија беа врачени и на Филип Стојанов од КК „Партизан“, Јована Давиткова, Сојуз на училишен спорт, Мартин Андонов од КГС „Кочани“, Наталија Карова од КК…

Прочитај повеќе