ОПШТИНА КОЧАНИ 

Доброволните спасители на Кочани и Ќустендил потпишаа Меморандум

Кочанската доброволна планинска спасителна служба “Осогово” и Планинската спасителна служба на Ќустендил, Република Бугарија на снежната „Пониква“ го потпишаа Меморандумот, кој е значаен документ кој ќе ги зацврсто и трасира формите на обострано корисна соработка. Двете служби првенствено ќе работат на размена на искуства и знаења, но и ќе се фокусираат на развојни меѓугранични проекти, преку кои ќе настојуваат да обезбедат финансиска и друга поддршка од европските фондови. Меморандумот за соработка го потпишаа претседателите на доброволните планински спасителски служби од Кочани и Ќустендил – Гоце Исајов и Антони Бошков. Во…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Собранието на ОФС одработи беспрекорно

Со присуство на 19 од вкупно 20 делегати, во салата на „Мултикултурниот Центар“ во Кочани Општинскиот Фудбалски Сојуз на Кочани го одржа редовното годишно Собрание на кое по усвојувањето на Дневниот ред на присутните им се обрати потпретседателот и член  на УО на ФФМ Лазар Ракиџиев, кој притоа му посака плодна работа на Собранието. Потоа беа избрани работно претседателство, записничар, оверувачи на записникот и верификациона комисија. Делегатите едногласно го подржаа и усвоија записникот од редовното изборно Собрание од 15 декември 2021 година, а беше усвоена и годишната сметка и извештајот…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

„Осогово“ започна со реми против прволигаш

Лошиот терен и четирите гола го одбележаа првиот контролен натпревар на Осогово, кое покажа повеќе отколку што се очекуваше, со оглед на фактот дека по долгата зимска пауза, фудбалерите во нозете имаа само неколку тренинзи. Сепак супер мотивиран против реномираниот противник  комбинираниот состав на „Работнички“ од Скопје, осогово одигра задоволитени 2:2. Први во водство дојдоа гостите а домаќините пред крајот на полувремето, преку Стефан Стефановски израмнија на 1:1. Условно, вториот состав на „Осогово“ кој Ефтим Аксентиев на почетокот на второто полувреме го внесе во игра, успеа да и донесе предност…

Прочитај повеќе