ОПШТИНА КОЧАНИ 

Работен состанок за справување со дивите депонии на Осоговските планини

Денеска, во салата за состаноци на хотел „Амор“ се одржа работен состанок помеѓу градоначалниците на општините во кои припаѓа територијата на заштитеното подрачје Осоговски Планини, односно градочалникот на Општина Кочани заедно со градоначалниците на општините Макeдонска Каменица, Крива Паланка, Кратово, Пробиштип, претставници од Телото за управување со ЗП „Осоговски Планини“ и претставници од Македонско еколошко друштво. На работната средба беа разгледани проблемите со дивите депонии кои се наоѓаат на заштитеното подрачје Осоговски Планини, изнаоѓање решенија за истите и начини за нивно отстранување.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Ученици од Крижевци на зимување на Пониква

Осуммина ученички од основно образование од Крижевци, Република Хрватска зимскиот распуст го поминуваат на Спортско-рекреативниот центар Пониква, на Осоговските Планини. Ученичките денеска учествуваа на работилница организирана во ОУ „Малина Попиванова“, каде имаа можност да изработуваат креативни изработки, а воедно остварија средба и со градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, на кого можеа да му ги пренесат впечатоците од престојот на Пониква.  Зимувањето на учениците кое го овозможува Општина Кочани е во рамките на соработката со хрватскиот град Крижевци, воспоставена во средината на осумдесеттите години. Градот Крижевци, пак им овозможува летување…

Прочитај повеќе