ОПШТИНА КОЧАНИ 

Во пресрет на 8 Март – акција за озеленување на дворот на новата градинка „Детелинки“

Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, Општина Кочани во соработка со Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и со Детската градинка „Павлина Велјанова“ изведе акција за озеленување на дворот на новата детска градинка „Детелинка“, во населбата Драчевик. – Комбинацијата на поводот – Меѓународниот ден на жената со изборот на локацијата за пошумување и со целта – да  се подобри капацитетот на „белите дробови“ во локалната средина, се испраќа порака дека секоја жена треба да биде свесна за засегнатоста од климатските промени, но и за нејзината важна улога…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Советниците ја одржаа 26 .седница на Советот на општина Кочани

Советот на Општина Кочани ја одржа 26. седница на чиј дневен ред се најдоа пет точки, сите поврзани со одобрување финансиско учество на Општина Кочани при апликација на проекти.  Советот едногласно ја усвои одлуката Општина Кочани да кофинансира во проектот „Реконструкција на дел од ул. ‘Стамен Манов’“, кој ќе биде поднесен до Министерството за транспорт и врски, на повик за користење средства за поддршка на имплементацијата на Декадата и Стратегијата за Ромите. За реализацијата на овој проект Министерството за транспорт и врски обезбедува 4 милиони денари, а остатокот ќе биде сопствено учество…

Прочитај повеќе