ОПШТИНА КОЧАНИ 

Во НУЦК „Бели Мугри„ изложба на проектот „Земјоделските остатоци како текстилна и дизајн суровина во општина Кочани“.

Здружение на граѓани „ОДОНАТА” – Кочани, во текот на осуммесечниот период на работа, заедно со учениците успешно се впушти во изработка на уметнички и естетски издржливи дела и продукти, како што се: оризова хартија, изработка на маси, столчиња за деца, ламби, слики, сувенири со мотиви од општина Кочани- со концентрирана тематика на оризовите остатоци  и вилинските коњчиња, кои како жив свет постојат и постоеле секогаш покрај оризовите полиња, што е и носителот/ концептот на името „одоната”. Здружението на граѓани за културно-уметнички дејности „ОДОНАТА“- Кочани, во партнерство со Македонското модно здружение-…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Започна чествувањето на 2 Април – Меѓународниот ден на литературата за деца   

Со трибина на тема „Со знаење и посветеност преку својата дејност го трасираме патот на најмладите“, Библиотеката „Искра“ од Кочани го започна чествувањето на 2 Април – Меѓународниот ден на литературата за деца. На трибината учествуваа професорите и научници Христо Петрески, Кристина Николовска, Јованка Денкова, Ана Витанова Рингачева, Ели Маказлиева и Доне Донев, кои ги истакнаа улогите на книгата и на учителот во развојот на детето и во детскиот свет. Веднаш потоа, беше промовирана книгата за деца „Чудесен дар во годишен календар“ од авторката Ели Маказлиева, дело што ја доби наградата „Ванчо…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

КЈП „Водовод“ ја исчисти околината на Спомен – домот АСНОМ

Вработените на КЈП “Водовод” Кочани во координација со локалната самоуправа во текот на денешниот ден ја исчистија дивата депонија и целиот локалитет кај Спомен-домот “Асном”. Во текот на акцијата беа собрани и изнесени околу 3 метри кубни мешан комунален отпад, градежен шут и слично. Во наредниот период, КЈП “Водовод” Кочани ќе продолжи со акции за редовно чистење и отстранување на диви депонии на територијата на Општина Кочани според утврдената динамика и план за работа. Бидејќи во последно време во рамките на своите активности, КЈП “Водовод” Кочани секојдевно се соочува со…

Прочитај повеќе