ОПШТИНА КОЧАНИ 

Свечено отворена реновираната сала на ЦК „Бели Мугри„

Со пригодна свеченост и проекција на македонскиот филм “Преекспонирано”, од вечерва е пуштена во употреба реконструираната сала во НУ Центар за култура “Бели мугри”. По две години реконструкција, Кочани го добива во ново руво просторот за театарски, музичко-сценски настани и за кинопроекции. На отворањето прусуствуваше градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, уметници и гости од повеќе културни институции во државата.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

ЗАПОЧНАА ОБУКИТЕ ЗА ЧЛЕНОВИТЕ НА ОДБОРОТ НА МЛАДИНСКАТА ЛОКАЛНА БАНКА

Започнаа обуките за младите од Кочани, членови на Одборот на Младинската локална банка, кои изминативе два дена го креираа својот тим и си поделија тимски улоги. Преку интерактивни тимски игри успеаја подобро да се запознаат меѓусебно, а со помош на интересни методи ги утврдија приоритетните проблеми на младите од Кочани и почнаа со теренска работа. Тие ги посетија сите локации каде е можна појава на овие проблеми. Во наредниот период ќе продолжи градењето на вештините за младинско учество и младински активизам на членовите на Одборот на локалната банка во Кочани.…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Градоначалникот Папазов бара јавно извинување од членот на Советот на Општина Кочани Аки Акиов за изречена груба клевета

Членот на Советот на Општина Кочани Аки Акиов, на 6 април оваа година, во изјава пренесена преку електронски и традиционални медиуми изрече невистини и клевети кон градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов. „Изречената груба клевета ги нарушува мојата чест и углед и претставува основ за заштита и надомест на штета, согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета. Доколку поседувате соодветни докази дека одредени субјекти кои добиле тендери носеле пари во ќеси кај мене дома, Ве повикувам во најкраток можен рок да ги доставите до органите на прогонот. Во…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Пожар во Хотелот „Центар“ во Виница

Денеска во доцните попладневни часови избувна пожар во Хотелот „Центар“, односно поранешната стоковна куќа лоцирана во центарот на Виница, од каде се креваше густа чад која ги вознемири граѓаните.  Со брза интервенција на противпожарните служби од Виница и од Кочани, пожарот е изгаснат за нешто повеќе од еден час, при што е спречена поголема катастрофа. Засега не се знаат причините за пожарот, како и предизвиканата материјална штета. Се очекува истрагата да го утврди сето тоа. Неофицијално, огнената стихија започнала од делот каде што биле сауната, но за среќа не ги…

Прочитај повеќе
ОБРАЗОВАНИЕ 

Пуштено во употреба новото детско игралиште во ОУ „Никола Карев„

Денеска официјално е пуштено во употреба ,,Детското игралиште” во ОУ Никола Карев. Игралиште е дел од заедничкиот проект со Ротари клубот ,, Кочани-Виница” во склоп на проектот ,,НАПРАВИ РАЗЛИКА”, кој е финасиран од USAID заедно со Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип и РК Штип. – Ова детско игралиште е делот кој требаше ние како училиште да го финасираме за да останиот дел од заедничкиот проект, а тоа се две подлоги за кошаркарско и фудбалско игралиште се реализира од страна на пректот ,,Направи разлика”, истакна в.д директорот Александар…

Прочитај повеќе
КУЛТУРА 

„Низ традицијата“ – концерт на класата по традициски инструменти од ОМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани

Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ синоќа го одржа првиот од серијата концерти насловени „Музичка среда“, на кој се претставија учениците што ги изучуваат традициските инструменти. Раководниот и наставниот кадар во кочанското музичко училиште оценува дека  богатата народна култура која е создавана со векови треба постојано да се надградува и да се пренесува од генерација на генерација.  Концертот под наслов „Низ традицијата“ го потврди интересот кај учениците и посветеноста во изучувањето на традициските инструменти. Учениците од класата по традициски инструменти настапија со ученици од класите по гитара и хармоника, со наставниците…

Прочитај повеќе
ОБРАЗОВАНИЕ 

Одбележана 118-годишнината од смртта на Никола Карев

Со свечена академија на ООУ „Никола Карев“ и полагање свежо цвеќе на спомениците, вчера и денеска беше одбележана 118-годишнината од смртта на големиот македонски револуционер и претседател на Крушевската Република, Никола Карев.  Општински делегации положија цвеќе на спомениците на Карев во Паркот на Револуцијата,  кај селото Тркање и во Спомен-паркот во Свиланово.  Претставници на Извидничкиот одред „Ластовица“ и ученици од ОУ „Никола Карев“ пешачеа од селото Пантелеј до Рајчани, односно до местото Свиланово, каде што загинал Карев.  ООУ „Никола Карев“ го претстави новоуреденото детско игралиште во школскиот двор, коешто е…

Прочитај повеќе
ОБРАЗОВАНИЕ 

Соопштение за запишување на ученици во прво одделение во учебната 2023/2024 во основните училишта во Општина Кочани

Согласно законот за Основно образование во прво одделение се запишуваат деца родени во 2017 година кои до крајот на календарската година ќе наполнат 6 години и деца родени до 31.01.2018 год. по претходно барање на родител и добиено мислење од педагог и психолог. Основното училиште ги опфаќа учениците од својот реон утврден од основачот на основното училиште и истите ќе ви достават покана за упис на вашето дете со термин кога треба да се обратите во училиштето, родителот е должен да се јави во училиштето во кое детето е училишен…

Прочитај повеќе
ОБРАЗОВАНИЕ 

Претстои упис на првачиња во учебната 2023/2024 во основните училишта во Кочани

Денеска, во салата за состаноци на Општина Кочани, градоначалникот Љупчо Папазов оствари средба со директорите и училишните педагози од основните училишта во Кочани во врска со претстојниот упис на првачиња во основните училишта. Согласно реонизацијата потребно е секој родител да се јави за упис во училиштето во кое согласно реонот припаѓа ученикот, од каде што воедно родителите ќе добијат покана. Родителите кои нема да добијат покана потребо е да се јават во најблиското училиште, согласно местото на живеење во текот на месец мај 2023 година.Соопштението за запишување на ученици во…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

ДПД Кочани набави противпожарно возило – цистерна

Доброволното противпожарно друштво – Кочани денеска доби уште едно противпожарно возило за интервенции. Станува збор за пратечко возило – цистерна, од марката „ТАМ“, со сад за складирање на вода од 5 тони и е опремено со комплет противпожарна опрема, црева, млазници, разделници, скала и противпожарен топ. Од ДПД Кочани информираат дека возилото е набавено со средства од општините Кочани,Зрновци и Чешиново-Облешево, а е набавено од Доброволното противпожарноо друштво од Рогашка Слатина, Р. Словенија. До крајот на календарската година според планот на ДПД – Кочани возниот парк треба да се збогати…

Прочитај повеќе