КУЛТУРА 

Утре во ЈОУ Библиотека „Искра“, традиционално ќе се одбележи 23 април, Светскиот ден на книгата и авторското право

  На 24 април, понеделник во ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани, традиционално ќе се одбележи 23 април, Светскиот ден на книгата и авторското право, прогласен од страна на УНЕСКО во 1995 година.     На манифестацијата ќе бидат прочитани пораките, кои секоја година се објавуваат по повод 23 април, Светскиот ден на книгата и авторското право. Македонската порака, за 2023 година е напишана од проф. д-р Ана Стојаноска, а светската порака е напишана од г-ѓа Одре Азуле, генерален директор на УНЕСКО.      Традиционално, ќе бидат прогласени најдобрите читатели во ЈОУБ…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД РАМАЗАН БАЈРАМ ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЉУПЧО ПАПАЗОВ

По повод празникот Рамазан Бајрам, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов упати честитка до верниците од исламската вероисповед, во која се вели: Почитувани, Во пресрет на големиот муслимански верски празник Рамазан Бајрам, oд мое име и од името на Локалната самоуправа ви го честитам празникот на сите верници од исламската вероисповед во Кочани. Нека овој празник донесе мир, спокој, радост, хармонија во домовите и семејствата. Верувам дека со заеднички заложби и меѓусебно почитување ќе градиме меѓучовечко разбирање и подобро општество за сите граѓани. Честит Рамазан Бајрам! Љупчо Папазов Градоначалник на…

Прочитај повеќе
ОБРАЗОВАНИЕ 

ПАТРОНЕН ПРАЗНИК НА СОУ „ГОШО ВИКЕНТИЕВ“

Денеска средното општинско училиште „Гошо Викентиев“ го одбележа патрониот празник. По тој повод, свежо цвеќе на бистата на патронот положи градоначалникот на Општина Кочани и членови на Советот, училишна делегација, претставници на семејството Викентиеви и Сојузот на борците. Во склоп на овогодинешното одбележување на патрониот празник на најдобрите тројца ученици практиканти во „Руен“ и четворица во „Амфенол“ од страна на двете фирми им беа доделени награди за нивното посветено и континуирано учење.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Во сабота Втор Меморијален шаховски турнир „Тодор Милосиев – Тошо„

Во организација на Шаховскиот Клуб „Кочани“, а со поддршка на Општина Кочани в сабота на 22 април со почеток во 11:00 часот ќе се одржи Вториот Меморијален шаховски турнир „Тодор Милосиев – Тошо“ во знак на сеќавање на една од најголемите шаховски легенди во Кочани, долгогодишен активен шахист, а подоцна и претседател на шаховскиот клуб. Сите заинтересирани љубители на шахот кои сакаат да учествуваат на турнирот може да се пријават телефонскиот број: 078-665-846 – Владимир Мицов, најдоцна до петок до 18:00 часот.

Прочитај повеќе
СПОРТ 

„Слога 1934“ и се е можно !

Речиси прежалената „Слога 1934“ во два натпревара едно по друго ги шокира љубителите на фудбалот со сензационални резултати, и тоа не против било кој, туку со Пелистер, на кој му откина бод, и особено „Беласица“ која ја победи среден Струмица. Извонредниот резултат од 3:2, вреди три злато вредни бода, но мошне битно е и тоа што се разбудија стрелците. Двата неочекувани резултата го кренаа оптимизмот во екипата на високо ниво, па сега ситуацијата на табелата е таква што борбата за опстанок и шанските стануваат реалност. Во прилог на Слога и…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Велигденска забава в недела

В недела, на 16 април, во рамките на Велигденскиот хепенинг, од 11 ч. ќе се одржат Ротари детски игри;  во 12 ч. е „Светот на Биби“; од 16 ч. е настапот на македонски музичари меѓу кои и Тамара Грујевска, Мартинијан Кириловски, Мите Стоилов,  Мелани Тарчуловска, Стефан Манасијевиќ, Ана Петановска и Џенгис Мемедовски, а од 20 ч. е настапот на Елена Ристеска. Општина Кочани

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Велигденска честитка од градоначалникот на Општина Кочани

Почитувани, Во пресрет на најголемиот христијански празник – Христовото воскресение, дозволете ми да Ви го честитам Велигден и да Ви посакам здравје, благодат, Христова љубов, мир и спокој во секој дом. Овој празник над празниците нека биде поттик да се утврдуваме во вистината и правдата, во трпението и милосрдието – да живееме во верата со добри дела. Длабоко сум уверен дека токму ваквите големи празници помагаат во јакнењето на националната, меѓунационалната и мултиконфесионалната толеранција, како и во зачувувањето и развивањето на нашиот културен и национален идентитет. Нека ни е честит…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

OK ВМРО ДПМНЕ Кочани: Реакција на лагите искажани јавно од премиерот Ковачевски

Лагите на скапиот ПР на Ковачевски Почитувани Лицемерие и хипокризија е она што го видовме вчера од страна на ,,избраниот” премиер Димитар Ковачевски.Тој зборуваше и се фалеше без тронка срам за сите пропусти, лоши политики и национални предавства. Г-не Ковачески, што останува кога една една личност ќе го изгуби елементарното чувство за срам? Зошто не кажете јавно дека покачената минимална плата заедно со просечната, не даваат заедно ни една месечна потрошувачка кошничка?? Како тоа, за Вашата сопруга е ,,замрзната” цената за купување државно земјиште по 70 денари по метар квадратен??…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Претпразнична велигденска програма и базар

В четврток, на 13 април, со почеток во 10:45 ч., во Градскиот парк, основните и средните училишта од Кочани, под мотото „Сподели радост“, со пригодна претпразнична програма и Велигденски базар ќе дадат придонес во одбележувањето на најголемиот христијански празник – Велигден. На Велигденскиот базар учениците од ОУ „Свети Кирил и Методиј“ и „Малина Попиванова“ ќе наменат за продажба свои изработки, а собраните средства од продажбата ќе бидат наменети за збогатување на програмските содржини од овогодишниот Велигденски хепенинг. Огромен придонес во одбележувањето на Велигден годинава дадоа учениците и менторите од машинската…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Зеленило на „Тодосија Паунов“ и „Стево Теодосиевски“

Во рамките на пролетната акција за озеленување на јавните површини во Кочани, деновиве се засадени нови 1.000 садници – нискостеблести растенија и грмушки. Озеленувањето е реализирано на улиците „Тодосија Паунов“, на потегот од Автобуската станица до „Жито ориз“ и на „Стево Теодосиевски“ од Двојниот мост до Стришани. Наредниов период, според временските услови, хортикултурно ќе се уредуваат и други локации, а ќе се врши обновување на оштетените и исушените насади. Комуналните инспекциски служби од Општина Кочани апелираат за совесно и одговорно однесување кон новите садници, дрвјата и воопшто кон зелените површини

Прочитај повеќе