СПОРТ 

ФК „Слога 1934“ ремизираше против „Пелистер“

Сензационален бод на ФК „Слога 1934“ освоен против фаворитот „Пелистер“ од Битола, на стадионот „Филип Втори“ во Виница, во рамките на 23 коло од втората лига. Со овој нерешен резултат, 1:1, составот на Крсте Крстев покажа дека има квалитет, но тој доаѓа до израз тогаш кога фудбалерите играат растеретено и без грч поради опстанокот. Дека екипата има карактер покажа упорноста и борбеноста на виничани, кои и по водството на битолчани до кое стигнаа во првото полувреме, израмнија на неколку минути пред крајот на средбата. Тоа што веројатно е најважно за…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Општина Кочани го одбележува 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите

Општина Кочани во соработка со ромски граѓански здруженија денеска го одбележа 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите. Во пресрет на празникот, на јарболите пред општинската зграда утрово беше кренато ромското знаме, а градоначалникот Љупчо Папазов оствари средба со претставници на ромската заедница, на која беше разговарано за политиките и надлежностите во кои треба да се зајакнува поддршката на Ромите, за што беше потпишан и меморандум за соработка. Напладне, во малата сала на Мултикултурниот центар, под мотото „Заедно можеме“ се одржа културно-уметничка програма, на која свое обраќање имаше градоначалникот Папазов. Во…

Прочитај повеќе
ОБРАЗОВАНИЕ 

ОУ „Малина Попиванова“ го прослави патрониот празник

Основното училиште „Малина Попиванова“ го одбележа патрониот празник – 121 година од раѓањето на македонската револуционерка и 38 години од основањето на училиштето. По тој повод градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов и членови на Советот на Општината, како и училишни и делегации од СЗБНОВ, положија свежо цвеќе и оддадоа почит пред бистата на Попиванова во училишниот двор. Пред многубројната публика беше прикажана свечена програма во која учествуваа учениците од одделенска и предметна настава. 

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Пролетна акција за косење на тревни површини во Оризари

Акција за косење на нараснатите тревни површини, се одвива низ целата Општина Кочани. Започнати уште кон крајот на минатата седмица, активностите на вработените од одделението за градско зеленило со поддршка на Општина Кочани, ќе ги опфатат сите месни и урбани заедници во градот и населените места. Косењето на тревната вегетација претходните денови се одвиваше во речното корито во Оризари. Ваквите активности дополнети со уредувањето на парковското зеленило се предвидени да продолжат и во наредните денови во населбата Оризари.  Целата на ваквите акции е да се уредат зелените тревни површини согласно…

Прочитај повеќе