ОПШТИНА КОЧАНИ 

Велигденска забава в недела

В недела, на 16 април, во рамките на Велигденскиот хепенинг, од 11 ч. ќе се одржат Ротари детски игри;  во 12 ч. е „Светот на Биби“; од 16 ч. е настапот на македонски музичари меѓу кои и Тамара Грујевска, Мартинијан Кириловски, Мите Стоилов,  Мелани Тарчуловска, Стефан Манасијевиќ, Ана Петановска и Џенгис Мемедовски, а од 20 ч. е настапот на Елена Ристеска. Општина Кочани

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Велигденска честитка од градоначалникот на Општина Кочани

Почитувани, Во пресрет на најголемиот христијански празник – Христовото воскресение, дозволете ми да Ви го честитам Велигден и да Ви посакам здравје, благодат, Христова љубов, мир и спокој во секој дом. Овој празник над празниците нека биде поттик да се утврдуваме во вистината и правдата, во трпението и милосрдието – да живееме во верата со добри дела. Длабоко сум уверен дека токму ваквите големи празници помагаат во јакнењето на националната, меѓунационалната и мултиконфесионалната толеранција, како и во зачувувањето и развивањето на нашиот културен и национален идентитет. Нека ни е честит…

Прочитај повеќе