ОБРАЗОВАНИЕ 

ПАТРОНЕН ПРАЗНИК НА СОУ „ГОШО ВИКЕНТИЕВ“

Денеска средното општинско училиште „Гошо Викентиев“ го одбележа патрониот празник. По тој повод, свежо цвеќе на бистата на патронот положи градоначалникот на Општина Кочани и членови на Советот, училишна делегација, претставници на семејството Викентиеви и Сојузот на борците. Во склоп на овогодинешното одбележување на патрониот празник на најдобрите тројца ученици практиканти во „Руен“ и четворица во „Амфенол“ од страна на двете фирми им беа доделени награди за нивното посветено и континуирано учење.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Во сабота Втор Меморијален шаховски турнир „Тодор Милосиев – Тошо„

Во организација на Шаховскиот Клуб „Кочани“, а со поддршка на Општина Кочани в сабота на 22 април со почеток во 11:00 часот ќе се одржи Вториот Меморијален шаховски турнир „Тодор Милосиев – Тошо“ во знак на сеќавање на една од најголемите шаховски легенди во Кочани, долгогодишен активен шахист, а подоцна и претседател на шаховскиот клуб. Сите заинтересирани љубители на шахот кои сакаат да учествуваат на турнирот може да се пријават телефонскиот број: 078-665-846 – Владимир Мицов, најдоцна до петок до 18:00 часот.

Прочитај повеќе