Свечено отворена реновираната сала на ЦК „Бели Мугри„

Со пригодна свеченост и проекција на македонскиот филм “Преекспонирано”, од вечерва е пуштена во употреба реконструираната сала во НУ Центар за култура “Бели мугри”. По две години реконструкција, Кочани го добива во ново руво просторот за театарски, музичко-сценски настани и за кинопроекции. На отворањето прусуствуваше градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, уметници и гости од повеќе културни институции во државата.

Прочитај повеќе