СПОРТ 

ГФК „Осогово“ – ВТОРОЛИГАШ (СЕГА Е ВРЕМЕ СИТЕ ДА СМЕ „ОСОГОВО“)

Шампионот во третата фудбалска лига исток, ГФК „Осогово“ од вчера е дел од второто по квалитет фудбалско натпреварување во државата, единствената втора лига. Овој факт повлекува линија на сето тоа што до сега е направено и тоа што треба да се направи за иднината на фудбалот во Кочани и пошироко, бидејќи  мора да се искористи како позитивна пресвртница. Успехот е можност сите фактори во градот, политички, стопански, спортски, индивидуални, поранешни и сегашни, да застанат зад клубот и да го подигнат фудбалот на највисоко ниво, како во времињата кога взаемната поврзаност…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

На 31 мај во Кочанско – Третман од земја за заштита од комарци

В среда, на 31 мај 2023 година во Кочани, во раните утрински  часови стручна екипа на  Центарот за јавно здравје – Скопје ќе ја спроведе првата фаза од превентивното терестичко (земјено) дезинсекционо третирање за заштита од комарци. Истиот ден ќе се спроведе и ларвицидно третирање. Во првата фаза од дезинсекција ќе бидат опфатени 300 хектари на локации на подрачјето на град Кочани и селата: Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари. Третирањето ќе се изведува со воднорастворлив широкоспектарен инсектицид за третирање на комарци одобрен од Бирото за лекови.

Прочитај повеќе
ХУМАНИТАРНИ АКЦИИ 

Маршрута на Ротари трката

Почитувани сограгани, во недела 28.05.2023 година ќе се одржи Rotary Run 2023, урбана трка по улиците во централното градско подрачје. Ротари трката во Кочани ќе се одвива на улиците: Теодосија Паунов, ул. Никола Карев, ул. Маршал Тито и ул. Кеj на револуциjата. Стартот и целта на трката ќе бидат пред градскиот парк односно на крстосницата на ул. Тодосија Паунов со ул. АСНОМ, од каде ќе се трча накаj кружниот тек кај Два другара и ќе се продолжи по бул Теодосија Паунов и каде за трката ке се користи левиот коловоз…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Основното општинско училиште „Свети Кирил и Методиј“ го одбележува патрониот празник

Во пресрет на 24 мај – Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов со првачињата, наставниот, раководниот кадар од ООУ „Свети Кирил и Методиј“ и со повеќе општински делегации, претпладнево положија свежо цвеќе на споменикот во училишниот двор. Одбележувањето на патрониот празник ќе продолжи со свечена академија што ќе се одржи вечерва во холот на ОУ „Свети Кирил и Методиј“.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

На 28 мај во Кочани ќе се одржи хуманитарна Ротари трка

В недела, на 28 мај по улиците во централното градско подрачје во Кочани,  ќе се одржи хуманитарна трка во организација на Ротари клубот Кочани-Виница. На повикот за учество во трката досега се пријавени стотина учесници, а организаторот очекува нивниот број да се удвои. Учесниците ќе трчаат на 5 и на 10 километри, а годинава ќе има и фамилијарна трка, на 2,5 км. Општина Кочани е еден од поддржувачите на Ротари трката, која ќе биде проследена и со музичко-забавни содржини во Паркот на Револуцијата. Ротари клубот Кочани-Виница ги повикува сите љубители…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Одбележан денот на пожарникарството

По повод Денот на пожарникарството во Македонија градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов ги посети Територијалната противпожарна единица – Кочани и Доброволното противпожарно друштво и ги врачи наградите на најуспешните пожарникари. Наградата за најупешен пожарникар во 2022 година ја доби Влатко Јефтимов од ТППЕ. Наградата за најуспешен доброволен пожарникар, што се доделува првпат, му беше врачена на Мирче Павлов од ДПД.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Се обележува хоризонталната сигнализација на улиците и патиштата во Кочани

На јавните патишта и улици во Кочани во тек е периодичното одржување. Општина Кочани парцијално поставува нова и ја менува дотрајаната вертикална сигнализација. Со подобрувањето на временските услови од денеска започнува бележењето на хоризонталната сигнализација. Избраниот изведувач работеше на обновувањето на пешачките премини на улицата „Стево Теодосиевски“. Работите ќе продолжат утре, на улиците „Стево Теодосиевски“, „Димитар Влахов“, „Никола Карев“ и „Тодосија Паунов“. За непречено и брзо завршување на работите кои се од општ јавен интерес и за зголемување на безбедноста во сообраќајот потребно е почитување на сообраќајната сигнализација, намалена брзина на движење, зголемено…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

На Денот на пожарникарите – награди за најдобрите

По повод Денот на пожарникарството во Македонија, в сабота, на 20 мај, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов ќе ги посети Територијалната противпожарна единица – Кочани и Доброволното противпожарно друштво – Кочани и ќе ги врачи наградите на најуспешните пожарникари. Наградата за најупешен пожарникар во 2022 година, ќе ја добие Влатко Јефтимов од ТППЕ, а за најуспешен доброволен пожарникар, што се доделува првпат, ќе ја добие Мирче Павлов од ДПД Противпожарните служби во текот на минатата година се соочија со голем број предизвици во гаснењето пожари на објекти и на…

Прочитај повеќе
ЕКОНОМИЈА 

Папазов и Петков потпишаа значаен договор

На 16 мај, во Министерството за животна средина и просторно планирање, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов го потпиша исклучително значајниот договор за проектот  „Поврзување на Виница со Пречистителната станица за отпадни води во Кочани“. Договорот за проектот го потпишаа и другите крајни корисници, градоначалникот на Општина Виница, Миле Петков, директорите на двете комунални претпријатија „Солидарност“ од Виница и „Водовод“ од Кочани, како и министерката за животна средина. Проектот вклучува делумна рехабилитација и проширување на канализацискиот систем и системот за атмосферска вода во Општина Виница, со што ќе се реши…

Прочитај повеќе
ЕКОНОМИЈА 

Екологистите немоќни пред институциите, минихидроцентралата на Мала Река се гради

ИЗДАДЕНИТЕ ДОЗВОЛИ ОД СТРАНА НА НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ, И ПРЕСКАПОТО ЕВЕНТУАЛНО ОБЕШТЕТУВАЊЕ НА ИНВЕСТИТОРОТ ОД АСТРОНОМСКИ НАД 20.МИЛИОНИ ЕВРА ДОКОЛКУ НЕ МУ СЕ ДОЗВОЛИ ГРАДБА, СЕ ЧИНИ СЕПАК ЌЕ ЈА НАПРАВАТ НЕМИНОВНА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА МИНИЕНЕРГЕТСКИОТ КАПАЦИТЕТ НА МАЛА РЕКА, ДУРИ И БЕЗ ОГЛЕД НА ПОТЕНЦИЈАЛНИТЕ НЕГАТИВНИ ВЛИЈАНИЈА ВРЗ ПРИРОДАТА ОКОЛУ ЕЗЕРОТО ГРАДЧЕ И ОСОГОВИЕТО. ВО КЛИСУРАТА НА МАЛА РЕКА ВЕЌЕ СЕ РАСЧИСТУВА ВЕГЕТАЦИЈАТА И СЕ ПРОБИВААТ ПАТИШТА. Кога пред околу три години, односно во септември 2020 година, започна првото расчистување на теренот во клисурата на Мала река, заради изградба на минихидроцентрала…

Прочитај повеќе