ОПШТИНА КОЧАНИ 

И З В Е С Т У В А Њ Е ОД ОПШТИНА КОЧАНИ

Се известуваат корисниците на времени објекти на подрачјето на општина Кочани, кои не ги користат и не се во функција, да ги отстранат во рок од 30 (триесет) дена од денот на објавувањето на ова известување во локалните медиуми и на веб-страницата на Општина Кочани. Доколку корисниците не постапат согласно ова известување Општина Кочани ќе ги отстрани времените објекти на нивен трошок.             4.5.2023 г.            Општина Кочани

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Во Детската градинка „Павлина Велјанова“ се одржаа работни средби за градење на капацитетите на негувателите во предучилишните установи

Во ЈОУ Детска градинка „Павлина Велјанова“ – Кочани деновиве се реализираа  мониторинг-средби на тема ,,Градење на капацитетите на негувателите во предучилишните установи“. Мониторинг-средбите имаа за цел да го поттикнат и да го мотивираат кадарот за спроведување стратегии и знаења за организирање стимулативна средина за учење, на начин што ќе овозможи позитивни социо-емоционални резултати кај децата и кај нивните семејства. На средбите учествуваа директори, воспитувачи, негуватели, членови на професионалната заедница за учење во детските градинки од општините Чешиново-Облешево, Пехчево, Зрновци и Карбинци. Дисеминацијата ја водеа: мониторинг мастер-воспитувач Јованка Ефтимова, Соња Стоилова, Лилјана Паунова, Даниела Наунова и Снежана Алексова.

Прочитај повеќе