ОПШТИНА КОЧАНИ 

Започна Петровденскиот турнир во мал фудбал – 2023

Со натпреварот меѓу екипите на „Шери казино“ и „Магни фициент“ што се одигра на теренот на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ започна овогодишното издание на  Петровденскиот турнир во мал фудбал.Турнирот го отвори градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, кој во обраќањето пред учесниците и публиката ја истакна важноста на спортското активирање и негувањето на спортскиот дух кај граѓаните на Кочани. Повика натпреварите да се одиграат во пријателска и фер атмосфера и да победи најдобриот. Првиот натпревар заврши со убедлива победа на „Шери казино“ против „Магни фициент“ со резултат 10 :…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

КЈП Водовод : Саниран дефект и нормализирано водоснабдувањето

Ги информираме водокорисниците дека откако беше детектиран дефектот на главниот цевковод за висока зона дежурните екипи на КЈП “Водовод” – Кочани излегоа на терен и во најбрз можен рок го санираа настанатиот дефект.  Поради овој дефект, неколку часа без вода останаа следните улици: “Пиринска”, “Бел камен”, “Охридска”, “Први мај”, “Марко Цепенков”, а исто така без вода за пиење беа и населбите Бејрут, Калиманова глава и Варница. По санирањето на дефектот водоснабдувањето до крајните корисници е нормализирано и до истите во моментот непречено се испорачува вода.

Прочитај повеќе
РЕГИОН 

Царев Врв – меѓу петте најголеми ски центри на Балканот !?

На 23 јуни 2023 година градоначалниците на општините што гравитираат околу Осоговските Планини: Кочани, Пробиштип, Македонска Каменица, Крива Паланка и Кратово; министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и центрите за развој на Источниот и на Североисточниот плански регион потпишаа меморандум за соработка кој ќе овозможи користење на средствата од Програмата за рурален развој на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство за подготовка на потребната документација за изградбата на ски-ресорт на Царев Врв. Станува збор за капитална инвестиција која во овој момент е препознаена како стратегиски приоритет на државата, но и…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

12 екипи на Петровденскиот турнир

В среда, на 28 јуни, во 19 ч., на спортските терени на СОУ „Љупчо Сантов“ ќе се одигра првиот натпревар од овогодишниот Петровденски турнир во мал фудбал. Претставници на  ОФС – Кочани, како директни реализатори на турнирот што го организира Општина Кочани, со ждребување ги утврдија четирите групи од пријавените дванаесет екипи. Според Александар Андов, претседател на ОФС – Кочани, ќе се игра по правилата за футсал и според временските услови. Ќе се избира најдобар играч, стрелец и голман, а најдобрите три екипи ќе добијат 60 илјади, 30 илјади и…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Започна имплементацијата на Проектот „Градче – да блесне езерскиот бисер“

Почитувани, на оваа прес конференција, која ја одржуваме на брегот на езерскиот бисер „Градче“, практично го промовираме Проектот: „Градче – да блесне езерскиот бисер“, кој почнува со  имплементирање од денеска и ќе се спроведува во наредните шест месеци, истакна на прес конференцијата Ангела Митевска, асистент во Проектот. На настанот покрај претставник на Општина Кочани, се присутни ученици од основните и средните училишта, претставници на ЗГ „Среќни луѓе“, како и други доброволни соработници ангажирани околу проектните активности.  На денешната прва организирана активност сакам да истакнам дека севкупната цел на проектот е…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Рокот за Петровденскиот турнир во мал фудбал – до 26.јуни

Општина Кочани како организатор на Петровденскиот турнир во мал фудбал, го продолжува рокот за пријавување на фудбалските екипи до понеделник, 26 јуни 2023 година, кога ќе се одржи и ждребувањето за утврдување на распоредот на екипите учеснички на турнирот.  Екипите се должни при пријавувањето да уплатат котизација од 2 000 денари на сметката на ОФС Кочани – 210041087870107 и да достават име на екипата и список од десет играчи со наполнети 16 години.  Пријавите може да се подигнат од Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани  или од официјалната веб-страница  http://www.kocani.gov.mk.  Ждребувањето ќе започне…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Сите за хигиена во детските игралишта

На детските игралишта во Кочани е регистрирана честа појава на негрижливо, несовесно однесување. Кон просторот наменет за забава на најмладите, посебно неодговорно однесување  е забележано од страна на возрасните, со остатоците од храна, грицки и пакувањата од пијалаци. Надлежните служби од Општина Кочани повикуваатсите да придонесеме за хигиената во детските игралишта. Загрижувачка е и појавата на оштетување на урбаната опрема. Општина Кочани предупредува дека кон лицата коишто ќе бидат регистрирани дека ги уништуваат урбаната опрема и детските реквизити, ќе бидат преземани соодветни законски мерки.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Распишана јавната набавка за конзервација и реставрација на партерното уредување на Споменикот на слободата

Општина Кочани ја објави јавната набавка за конзервација, реставрација и санација на архитектурата и партерното уредување на Споменикот на слободата, како дел од проектот што се реализира со поддршка од Амбасадата на САД во РС Македонија преку грант од амбасадорскиот фонд за заштита на културно наследство. Со распишаната тендерската постапка се бара најповолен економски оператор за санација на оштетената бетонска подлога; демонтажа и замена на подните облоги од мермер и травертин; санација на амфитеатралните и на пристапните скали со тераса и сценски партер, санирање на оштетените вертикални ѕидни површини и чистење и пескарење…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Отстранет дефектот на главниот цевковод за висока зона

Ги информираме граѓаните дека е отстранет дефектот на цевководот за водоснабдување од висока зона на територија на Општина Кочани, поради што без вода за пиење беа корисниците кои ги користат нашите услуги во високата зона. Дефектот е отстранет околу 12 часот денеска, а по неколку часа се очекува целосно нормализирање на водоснабдувањето на улиците кои беа во прекин. Дефектите од ваков обем претставуваат сериозен и комплексен проблем кој бара време и ангажман на повеќе фактори за целосно санирање, па поради тоа им благодариме на корисниците за нивното трпение и разбирање.…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Продолжуваат активностите за санација на дефектот на водоводната мрежа,информираат од КЈП Водовод

Ги информираме корисниците дека настанатиот сериозен дефект на цевководот за водоснабдување од висока зона на територија на Општина Кочани сеуште не е саниран. Екипите на КЈП “Водовод” Кочани со сопствена механизација и работна сила, но и помогнати со значителна механизација од приватни стопанственици и Општина Кочани во текот на денот 19.06.2023 година (понеделник) и доцна во ноќта работеа на отклонување на дефектот. Поради зголемениот водостој на Кочанска Река се работеше за да се обезбеди пристап до оштетената цевка со изместување на речното корито во делот каде што се наоѓа цевката.…

Прочитај повеќе