Презентирано новото противпожарно возило , донација од општина Крањ Словенија

Ново противпожарно возило марка „Магерус„ донација од општина Крањ, Словенија од денеска официјално е ставено во функција на ТППЕ Кочани. Овој вид на возило кое располага со скала долга до 30 метри ке им користи на пожарникарите за гасење пожар и евакуација на висококатници.

-Возилото има скала во должина од 30 метри и е функционално и исправно. За да го добиеме ова возило беа вклучени повеќе луѓе , кои во овој момент би сакал да им се заблагодарам, изјави Благој Паунов, командир на ТППЕ Кочани .

Денеска градоначалникот Николчо Илијев беше во посета на ТППЕ, каде беше извршена презентација на новото возило. Тој ја искористи приликата и се заблагодари за оваа значајна донација со која се збогатува возниот парк на ТППЕ и се подобрува квалитетот на интервенции,

Инаку ова е седмо возило со кое располага противпожарната служба во Кочани, а прво од ваков тип. Во наредниот период се очекува ТППЕ Кочани да ја посетат пожарникари од општина Крањ и да извршат обука за тоа како правилно треба да се користи возилото.

Сподели: