Вчера 3, а денес 33 новозаразени со КОВИД 19 во Кочани

Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа во Кочани се регистрирани 33 новозаразени и 14 оздравени пациенти. Бројот на активни случаи во Кочани изнесува 246.

Во Виница денеска се регистрирани 4 новозаболени и 8 оздравени пациенти. Бројот наактивни случаи е 142.

На ниво на држава се регистрирани 1342 нови случаи на ковид 19,679 оздравени пациенти и 22 починати.

Сподели: