Бајачки телефонски бајат и во Германија !?

Надрилекрството во регионот се повеќе станува вносен бизнис за поединци, од кои поединци ја користат туѓата мака за да профитираат. Тоа што црквата постојано е во борба против самонаречените гатачи, бајачи и исцелители, не го спречува народот да верува во нив и мошне често да ги бара нивните услуги. И додека едни за лекувањето наплатуваат според некаков тарифник, други оставаат пациентите да одлучат сами колку ќе платат, односно остават за да се фати лекот или баењето. Засега не се знае дали и како се наплатува баењето преку „жица“, бидејќи има и такви кои од дома бајат дури до Германија. А бајачки велат дека меѓу клиентите имаат и доктори и сестри.

Во јавноста се почесто се коментира дека дел од народот бара спас кај надрилекарите поради скапото здравство и лекови, бидејќи не е во состојба да ги плати. Меѓутоа поголем е бројот на тие што веруваат во надприродни сили, па за да се излекуваат бараат помош од исцелители, бајачи и гатачи.

Приватното здравство се повеќе се претвора во бизнис, па значаен број болници и доктори, повеќе оставаат впечаток на бизнис центри и бизнисмени на кои примарна им е заработката, отколку што лекуваат. Како поинаку да се протолкуваат неофицијалните коментари дека заболени од корона вирус за лекување издвоиле по 20.000 и 30.000 евра, или исплашените од инфекција плаќале по 4000 и 60.000 денари за тест. Прашањето е, колку граѓани можат да си „го купат“ здравјето од алчните здравствени огранизации.

Сподели: