„ОСОГОВО“ ДОБИ 1.700.000, „СЛОГА“ – 700.000, ЖФК „КОЧАНИ“ – 500.000 ДЕНАРИ

Агенцијата за млади и спорт ја објави целосната листа на клубови кои добиваат финансиските ваучери кои значително ќе им помогнат во нивното понатамошно функционирање. Меѓу клубовите од регионот кои најмногу се офајдија од парите од Агенцијата за млади и спорт е  ГФК Осогово кој доби 1.700.000 денари. На сметката на второлигашот ФК „Слога 1934“ ќе легнат 700.000 денари, или два ипол пати помалку од кочанскиот второлигаш.Значајна сума на средства доби и ЖФК „Кочани“ на кого АМС му додели 500.000 денари.Со овие износи се очекува значително да се подобри финансиското работење на клубовите, посебно во период помеѓу две првенства, кога средствата им се најпотребни.

Сподели: