Малолетници снимале порнографија со малолетничка

43-годишна жена од Кочани пријавила дека биле дистрибуирани две видеа со компромитирачки материјал за нејзината малолетна ќерка, од Инстаграм профил, соопшти полицијата.

Имено, Полицајци од Кочани, во координација со ОЈО Кочани, презеле мерки за расчистување на настанот, при што бил извршен претрес во домот на едно малолетно лице, а повикани на разговор биле двајца малолетници на кои им биле одземени мобилните телефони и компјутери.

По целосното документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок до ОЈО во Кочани.

Сподели: