Поддршка од Заев за Илијев-за втор мандат

Актуелниот градоначалник на Општина Кочани, Николчо Илијев е меѓу избраните од страна на премиерот Зоран Заев, за уште еден мандат, секако доколку ги победи конкурентите од другите политички партии на локалните избори во Октомври. Заев бил задоволен од работата на Илијев, но и покрај неговиот личен став, сепак ќе бидат пресудни реакциите на граѓаните за повторното кандидирање. 

Покрај зад градоначалникот на Кочани, премиерот истакна дека ќе застане и зад неколку други кандидати, како што се актуелните градоначалници на Валандово, Богданци, Дојран, Конче, Штип, Старо Нагоричане, Крушево, Маврово Ростуше, Демир Капија.

По поддршката од страна на Заев, на кочанскиот градоначалник му преостанува или да се приклони кон вољата на партискит лидер, и да трча уште еден изборен циклус, или да им се заблагодари на довербата. Во секој случај сеуште не се расчитени сите дилеми, ниту во СДСМ , ниту во ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак кај другите политички субјекти, околу изборот на кандидати за градоначалник. Актуелниот политички момент налага максимална претпазливост  при кандидирањето, и силно изразено чувство за пулсот на гласачите, за да се стигне до целта.

Сподели: