Дополнителен конкурс за реонски попишувачи во Пописот 2021 година

Државниот завод за статистика објави дополнителен, трет јавен конкурс за ангажирање лица кои ќе учествуваат во спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, во периодот од 1 до 21 април 2021 година.

Во конкурсот со кој се опфатени 49 општини од Република Северна Македонија, за Кочани како седиште на Пописниот реон 13 се бараат 10  реонски попишувачи.

Кандидатите коишто имаат намера да учествуваат во Пописот, треба во периодот од 18 до 20 март 2021 годинада пополнат и да достават електронска пријава која е достапна на веб-страницата на Државниот завод за статистика.

Изборот на пријавените кандидати ќе се врши по пат на тестирање (проверка за познавање на општи работи од областа на статистиката и познавање на работа со персонален компјутер).

Тестирањето ќе се спроведе во седиштата на комисиите на пописните реони за кандидатите кои имаат место на живеење во соодветниот пописен реон.

Времетона почетокот на тестирањето и местотокаде што ќе се одржи тестирањето дополнително ќе бидат објавени во седиштето на секоја Комисија за пописен реон и на веб-страниците на Државниот завод за статистика www.stat.gov.mk и popis2021.stat.gov.mk.

Целосната содржина на дополнителниот конкурс е објавена и на веб-страницата на Општина Кочани.

Сподели: