Пуштена во употреба новата ковид болница во Кочани

Министерот за здравство Венко Филипче денеска официјално ја пушти во употреба модуларната монтажна ковид болница. Монтажната болница ќе располага со 35 болнички кревети, а во неа ќе се лекуваат пациенти од Кочани и соседните општини. Оваа е една од 17 монтажни болници кои се изградија низ општините во државата.

  • Се соочуваме со силен бран и сме свесни  што ова значи на зајакнување на капацитетот на болниците и бројот на болнички кревети.Модуларната болница ќе биде опремена со дополнителен ехо апарат, сонди и подвижен рентген апарат  , истакна Венко Филипче, министер за здравство.

Покрај ковид монтажната болница периодот што следи се очекува да пристигне и нов апарат за анестезија и најавената донација од Јапонската амбасада на нов ехо апарат.

Новата модуларна болница заедно со болничките легла на другите одделенија, ќе овозможи проширување на капацитетот за прием на шеесетина ковид пациенти од регионот. Освен тоа, се очекува во одделот за интензивна нега наскоро да се инсталира опрема за централна кислородна поддршка.

Модуларната монтажна болница во Кочани е изградена согласно потребите на пациентите и медицинскиот персонал. Опремена е со нови медицински апарати, кревети и останат инвентар. Во објектот има чекална, простории за медициснкиот персонал, толаети и соби за хоспитализација. Првите пациенти се очекува да бидат примени од понеделник.

Сподели: