Рекордни 30 новозаразени во Кочани

Бројот на новозаразени со ковид 19 во Кочани секојдневно расте. За 24 часа се регистрирани 30 новозаболени лица и двајца починати.

Институтот за јавно здравје регистрираше 12 оздравени пациенти, а бројот на активни случаи позитивни на ковид 19 во Кочани е 269.

Третиот бран на коронавирусот ги преполни и болниците . Во мододуларната ковид болница веќе неколку дена нема слободен кревет. Хоспитализирани се 34 пациенти од кои 80 проценти се на кислородна поддршка.

Од Министерството за здравство информираат дека денешниот број на починати е рекорден, односно поради компликации од коронавирусот, животот го загубија 50 пациенти, а регистрирани се нови 1320 новозаразени.

Сподели: