ФК „Слога 1934“ – ГФК „Осогово“ 4:1

Во комшиското дерби помеѓу „Слога 1934“ и „Осогово“, убедлива победа остварија виничани, совладувајќи ги кочанчани со убедливи 4:1, полувреме 2:1. А почетокот на натпреварот не најавуваше наков разултатски расплет на денешното дерби, бидејќи гостите преку Паунов рано, во 6 минута, дојдоа до водство од 1:0. По примениот гол, фудбалерите на Слога извршија силен притисок пред голот на младиот Андов, кој в о неколку наврати одлично интервенираше пред противничките напаѓачи. Но на израмнувањето не се чекаше долго, бидејќи искусниот Митров, во соло акција изнуди удар од 11 метри, кој сам го изведе и го израмни резултатот. За целосен резултатски пресврт се погрижи некогашниот осоговец Стојов, кој по една соло акција успеа да го совлада противничкиот голман за 2:1 во првото полувреме.

На почетокот на вториот дел жолто-сините тргнаа поангажирано кон голот на Јовановски, но иами имаа две стопроцентни шанси, не успеаја да израмнат. Тоа што не знаеја тие да го направат, го направија домаќините, кои со головите на Лазаров и на Стојот го зголемија водството на 4:1 и висока и уверлива победа. Со освоените три бода Слога 1934 сега го помина Осогово на табелата, со бод предност и дефинитивно обезбеден опстанок во втората лига.

Штипска Брегалница денеска со победата од 3:0, против Кожуф, ја потврди шампионската титула и пласманот во првата лига. А Тиквеш, кој го освои второто место, ќе игра во баражот со второпласираната екипа од Втората фудбалска лига-Запад.

Сподели: