Верувале или не, екс-директорот заборавил да аплицира за пари, за даф 2021 !!?

ПОРАДИ БИЗАРНА ПРИЧИНА ДАФ ГОДИНАВА ЌЕ ОСТАНЕ БЕЗ ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ВРЕДНА НАД 600.000 ДЕНАРИ, ШТО ВООБИЧАЕНО ГИ ИЗДВОЈУВА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА. ЕКС-ИЗВРШНИОТ ДИРЕКТОР БЛАГОЈ ПЕНОВ, ЗАБОРАВИЛ ДА АПЛИЦИРА ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА НАЈЗНАЧАЈНИОТ КУЛТУРЕН НАСТАН ВО ГРАДОТ, ЗА 2021 ГОД.

Годинава Драмскиот аматерски фестивал ќе остане без финансиската поддршка од Министерството за култура бидејќи, како што истакна актуелниот извршен директор Дарко Спасов, неговиот претходник и до пензионирање претседател Благој Пенов, заборавил да аплицира за организацијата на истиот за 2021 година. Со тоа, најстарата, најрепрезентативна и најмасовна културна манифестација која традиционално се одржува во нашиот град, втора година по ред, ќе остане без парите од државата, чиј износ во изминатите години се движеше околу 600.000 денари. Дали тоа ќе значи згаснување на ДАФ или преселба во некој друг град, ќе покаже времето. Меѓутоа, „заборавноста“ на екс-директорот, кој во меѓувреме го загубил интересот, пред се финансиски, ја доведува во прашање иднината на истиот, но и привилигијата на Кочани да биде центар на драмскиот аматеризам.Финансиските проблеми со кои се соочува ДАФ, беа причина Дарко Спасов денеска од советниците да побара  зголемување на предвидената поддршка за да може соодветно да се одговори на потребите за реализација на манифестацијата. Поедини советници дури предложија априлскиот хонорар сите заедно да го донираат на сметката на фестивалот, што е значајна сума од близу 5.000 евра. Меѓутоа, таков заклучок не беше официјално предложен и усвоен.

Сподели: