ДАФ затворен без довидување …

ВО СВОЕВИДЕН ОРГАНИЗАЦИСКИ ХАОС, СИНОЌА БЕШЕ СПУШТЕНА ЗАВЕСАТА НА 58-ИОТ ДРАМСКИ АМАТЕРСКИ ФЕСТИВАЛ, БЕЗ ОФИЦИЈАЛНО ЗАТВОРАЊЕ НА ИСТИОТ, ПРОГЛАСУВАЊЕ НА НАЈДОБРИТЕ И ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ. ДОДЕКА ЛОКАЛНИТЕ МЕДИУМИ ОБЈАВИЈА ДЕКА ФЕСТИВАЛОТ ИМАЛ РЕВИЈАЛЕН КАРАКТЕР, ДОПОЛНИТЕЛНО, НА ФЕЈСБУК ДЕНЕСКА Е ПРОСЛЕДЕНА ОДЛУКАТА НА ЖИРИТО, СПОРЕД КОЈА ГРАН ПРИ-то „ВАСИЛ ЌОРТОШЕВ“ ГО ДОБИ ПРЕТСТАВАТА „НЕ СЕ КЛАДИ НА ЕНГЛЕЗИ“ НА КАВАДАРЕЧКИОТ ТЕАТАР.

Со одигрување на претставата Струардеси на Драмското студио „Спорт лаихт“ од Штип, која учествуваше во официјална конкуренција во натпреварувачкиот дел, синоќа беше спуштена завесата на скратеното издание на 58-от Драмски аматерски фестивал. Наместо официјално затворање, фестивалот заврши со самото завршување на претставата, без одјава и евентуално довидување до 59-от ДАФ, догодина, што остави впечаток на организациски хаос кај оние што со интерес ги следат театарските случувања во Кочани. Дотолку повеќе што манифестацијата протече без ниту една прес конференција, без каква и да е соработка со медиумите, а преку нив и со јавноста, па на крај, меѓу другото, протече информацијата дека бил од ревијален карактер. Покрај тоа, нема да биде регистрирано доделувањето на наградите и признанијата на театарските групи и поединци, како што новинарите не можат да земат изјави од победниците, жирито, организаторите ….

Денеска на Фејсбук организаторите на 58-от ДАФ ја објавија одлуката на жирито, каде стои: Тричленото жири на 58 издание на ДАФ во состав: Адем Карага, Перо Даниловски и Александар Димитров ги поздравува им се заблагодарува на сите учесници за одговорниот однос, ентузијазмот и љубовта кон театарот и, на крајот од фестивалот, ја донесе следната одлука: 

Награда за главна женска улога; Ива Џорлева како Џева во „Стјуардеси“ – М. Каполети; реж. Ефтим Трајчов; „Спотлајт“ – Штип. Награда за епизодна машка улога; Мартин Ристов како Најдо во „Стјуардеси“ – М. Каполети; реж. Ефтим Трајчов; „Спотлајт“ – Штип. Награда за главна машка улога: Видан Станоев како Негро во „Не се клади на Енглези“ – сп. В. Ѓурѓевиќ; Театар при ДК „Иван Мазов – Климе“ – Кавадарци. Награда за најдобра режија: Диме Коцевски за „Не се клади на Енглези“ – сп. В. Ѓурѓевиќ; Театар при ДК „Иван Мазов – Климе“ – Кавадарци

Награда за најдобра претстава во категоријата театар за деца и младинци: „Авантурата на принцезата Лили“ – сп. Мира Станишев; реж. Микица Илова; Театар при ДК „Иван Мазов – Климе“ – Кавадарци. Награда за истражување нови сценски изразни средства и експеримент во аматерскиот театар; Студио за актерска игра „Прва проба“ (Ф.А.Д. Стоби) – Скопје                                  ГРАН ПРИ наградата „Васил Ќортошев“ се доделува на „Не се клади на Енглези“ – сп. В. Ѓурѓевиќ; реж. Диме Коцевски; Театар при ДК „Иван Мазов – Климе“ – Кавадарци.

Сподели: